ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Студенти на магистерски студии на Колеџот на Европа- Натолин во посета на Секретаријатот за европски прашања
14:44, петок, 13 април 2018
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со Ректорката на Колеџот на Европа- Натолин, Ева Ожниецка Тамецка  и студентите на текованта генерација на магистерски студии на Колеџот во Натолин. Средбата се остварува во рамки на Меморандумот на соработка помеѓу Секретаријатот за Европски прашања и Колеџот на Европа – Натолин и како дел студиската посета на студентите на магистерски студии на Колеџот на земјите од Западен Балкан.

Студентите на магистерски студии на Колеџот на Европа - Натолин за прв пат ги посетуваат земјите од Западен Балкан. Оваа студиска посета се остварува во многу значаен период за нашите европски интеграции, непосредно пред објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на европскиот пат.

Оваа посета на студентите на магистерските студии на Колеџот на Европа – Натолин на Секретаријатот за европски прашања и на нашата земја ќе им овозможи споделување на нашето искуство како и добивање на информации за прашања од нивен интерес кој пред се се поврзани со нашето зближување со ЕУ како и со процесот на пристапување кон големото семејство на ЕУ во блиска иднина.
Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.