ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ПОСВЕТЕНА НА РЕФОРМИТЕ И ПО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК НА 17 АПРИЛ
15:04, четврток, 12 април 2018
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба со Геновева Руиз Калавера, директорка на одделот за Западен Балкан во рамките на Директоратот за проширување – ДГНЕАР; потоа оствари средба и со холандскиот евро-пратеник Ханс Ван Баален кој ја предводи групата “Пријатели на Македонија” во Европскиот парламент; а при крајот на посетата, оствари средба и со Пјотр Серафин, шеф на кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

На средбите беа отворени темите за европските интеграции на Република Македонија, во контекст на европските перспективи на земјите од Западниот Балкан. „Република Македонија активно се подготвува за имплементација на процесите од водечките иницијативи на Стратегијата за проширување со земјите од Западен Балкан 2025, кои претставуваат клучната алатка за исполнување на критериумите за прием на земјите – кандидатки, но и за конвергенција на општеството со останатите европски земји“, истакна Османи. Во таа насока Османи изрази задоволство од досегашниот успех во имплементацијата на Планот 3-6-9, потенцирајќи ја интенцијата на Владата планира да продолжи со реформскиот процес, веднаш по добивањето на Извештајот од страна на Комисијата на 17 април, со што Европската агенда повторно ќе се задржи во нејзиниот фокус.

Османи потенцираше дека согласно успешната имплементација на Планот 3-6-9, но и согласно успешното адресирање и затворање на отворените политички прашања, очекува и напредок во евроинтегративните процеси, т.е. почеток на преговори со Унијата за полноправно членство на Република Македонија. „Со оглед на улогата на координатор на процесот на европските интеграции на земјата, Секретаријатот за европски прашање веќе се подготвува и за евентуален почеток на преговорите, преку реактивирање на сите механизми за координација и следење на процесот“ – изјави Османи. Тој додаде дека соодветно на долгиот стаж на Република Македонија во процесот на Стабилизација и асоцијација, очекува, при старт на процесот на преговори, брз напредок во адаптација на државата со европските правила, стандарди и вредности.

Посетата на Брисел на Османи се одржува во пресрет на излегувањето на  Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на Република Македонија, кој излегува за неполна седмица на 17 април. Во рамките на посетата, Османи претходно оствари средба и со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, каде го презентираше напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија.
Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.