ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Билатерални донатори
Холандија

 Институционална поставеност

Развојната соработка на Кралството Холандија е регулирана од страна на Министерството за надворешни работи и од министерот за развојна соработка.

Генералната дирекција за меѓународна соработка (ДГИС) е одговорна за политиката, координацијата, спроведувањето и финансирањето на развојната соработка. Значајно прашање на кое е насочена ДГИС е кохерентноста меѓу холандската политика и политиката на ЕУ во поглед на земјите во развој.

Генералната дирекција за регионална политика и конзуларни прашања (ДГРЦ) ги собира и управува со информациите за земјите и за регионите, и соработува со мисиите за развивање интегрирана политика. Според тоа, таа ги насочува регионалните сектори и мрежата на мисии на Министерството.
ДГИС и ДГРЦ се одговорни пред Министерството за надворешни работи и пред министерот за развојна соработка (www.minbuza.nl/).

Новата развојна политика на Холандија од 2003 година е утврдена во Меморандумот со наслов „Заеднички интереси, заеднички одговорности: холандска развојна соработка до 2015 година“. Овој документ ги утврдува стратегиските приоритети на развојната соработка на Кралството Холандија со 36 земји-партнери, вклучувајќи ја Република Македонија во периодот до 2015 година.

Критериуми за подобност за користење на средствата се: потребата на земјата во развој од помош, нејзините економски и социо-политички применети политики и нејзиниот став околу човековите права.
Во периодот до 2015 година, Холандија ќе продолжи да доделува 0,8% од бруто-домашниот производ за развојна соработка, а 15% од буџетот за развој ќе се користи за едукација со цел да се даде придонес за исполнување на милениумските развојни цели до 2015 година.

Кралството Холандија во Република Македонија

Програма на Амбасадата за мали проекти (поддршка на локални НВО);

Програмата за мали проекти на Амбасадата е наменета за поддршка на локалните иницијативи на македонските НВО, исклучувајќи ја јавната инфраструктура, хуманитарната помош, редовните трошоци на НВО; купувањето мебел или опрема.

За подетални информации околу оваа Програма посетете го следниот линк:
http://www.nlembassy.org.mk/programmes_in/small_embassy

Програми за стипендии

ПСО/М-програма

OРИО Програма

Холандската агенција ЕВД (http://www.evd.nl/business/programmes/), којашто беше задолжена за реализирање на ПСО-програмата ќе биде задолжена за реализирање и на програмата ПСОМ.

За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad


Лицa за контакт од СЕП:

Орхидеја Каљошевска
orhideja.kaljosevska@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 139

Софче Зафировска
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 243

Сподели ја содржината!
Друга странска помош
Билатерални донатори
Меѓународни финансиски институции
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.