ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Билатерални донатори
Швајцарија

 Институционална поставеност

За формулација и спроведување на швајцарската политика за развојна соработка се одговорни две агенции :

Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) која е дел од Сојузното министерство за надворешни работи, кое ги поддржува програмите за управување, економските програми и програмите за заштита на животната средина и ја координира развојната политика на Швајцарија (www.deza.admin.ch);
Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО) кој е надлежен центар за сите главни прашања поврзани со економската политика. Покрај домашната политика и политиката за надворешна трговија, исто така, тој е вклучен и во обидите за намалување на сиромаштијата во форма на помош за економски развој (www.seco-admin.ch).
Првата агенција управува со 75%, а втората со 13% од вкупната швајцарска билатерална официјална развојна помош (ОДА).

Швајцарија во Република Македонија

Мандатот на СЕЦО

Исто така, швајцарската поддршка за Македонија го опфаќа и следново:

Швајцарска програма за култура во Македонија - ПРО ХЕЛВЕТИА

Швајцарската програма за култура во Македонија - ПРО ХЕЛВЕТИА Скопје поддржува проекти на културни организации и здруженија, како и на креативци од областа на современата култура – музика, театар, танц, литература и визуелна уметност. Таа работи на програма за поддршка на македонската култура, основање и развивање независни организации, збогатување на билатералната и на мултилатералната соработка во областа на културата во Македонија и во регионот. Поддршката се обезбедува преку проекти за среднорочна изградба на капацитети или преку краткорочни придонеси. Исто така, во галеријата на Програмата се прикажуваат уметници и изложби од Швајцарија или локални културни дела, кои се од интерес за културата, но не можат да бидат изложени во комерцијалните галерии.

Регионална канцеларија за градење мир

Одделот IV за политички прашања при Министерството за надворешни работи на Швајцарија поддржува програми во областа на човековите права и поттикнување на мирот преку придонес за билатерални и мултилатерални иницијативи и преку Швајцарската експертска група. Програмите се насочени кон поттикнување на мир и помирување и воспоставување демократски системи преку промовирање слободни јавни гласила и политичко учество.

За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad


Дополнителни линкови:
http://www.deza.ch/countrydoc.php?userhash=34513438&l=e&navID=132
http://www.sippo.ch/cgi/sippo/programms.asp?mode=1
http://www.pro-helvetia.org.mk/projects-mkd.html
http://www.eda.admin.ch/sub_expool/e/home.html



Лицa за контакт од СЕП:

Јован Деспотовски
e-mail: jovan.despotovski@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 138

Софче Зафировска
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 243

Сподели ја содржината!
Друга странска помош
Билатерални донатори
Меѓународни финансиски институции
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.