ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНИСТИ ИЗГРАДЕНИ НА ТЕМЕЛОТ НА АНТИФАШИЗМОТ СЕ И НАШИ АВТОХТОНИ ВРЕДНОСТИ
16:05, петок, 26 јануари 2018

Денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и граѓанска асоциација “Acta Non Verba”- Скопје се одбележа Меѓународниот ден за сеќавање на трагедијата на Холокаустот што се случи во текот на Втората светска војна, а кој се совпаѓа со 73-годишнината од ослободувањето на фашистичкиот логор Аушвиц. На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, претставници на меѓународната заедница како и претставници на еврејската заедница во земјава.

Во рамки на настанот беше  промовирана книгата од еврејската авторка Мими Камхи Ергас- Фараџи “МОЈОТ ЖИВОТ ПОД НАСИСТИЧКАТА ОКУПАЦИЈА”, во која е опишана нејзината бегалска голгота за време на нацистичката окупација - од Скопје преку Косово па се до Скадар, Албанија. Книгата е преведена на три јазици, Македонски, Албански и Англиски, а специјален гостин на настанот беше ќерка на авторката, Ита (Дрита) Бартув, која е родена за време на бегласката голгота на нејзиното семејство.

На настанот свое обраќање имаа Вицепремиерот Бујар Османи, специјалната гостинка Ита Бартув, Амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Ориан, Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Томас Герберих и Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

„Во книгата можеме да ги препознаеме вредностите на добрите луѓе од овој регион: Албанци, Македонци, Срби, Турци, кои несебично помогнале во извлекувањето од теророт на Холокаустот, а чие сеќавање и оставина, денес нам ни се потребни за да го градиме колективниот дух на новото современо општество. Тоа е важно и за да сфатиме дека европските вредности, изградени на основа на антифашизмот се и наши вредности, тоа се цивилизациски вредности кои се и овде автохтони, и кои ни се потребни за полесно да ги надминеме предизвиците со кои денес се соочуваме како народи на овој регион.“ – истакна Османи во своето обраќање, Тој додаде дека Македонија, како аспирант за членство во Европската Унија, во целост е посветена на примена на европските вредности на еднаквост, хуманост и солидарност, и постојано работи на унапредување на истите.

Сподели ја содржината!
Новости
Средба на Димитров со советникот на Меркел: Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде огромен поттик да ја изодиме клучната етапа од патот кон членство во ЕУ
ЗПВ Димитров во Берлин на средба со советникот за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Багер
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.