Новости
четврток, 24 август 2017 16:55
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес во просториите на амбасадата на Република Косово, по повод смртта на поранешниот премиер на Косово, Бајрам Реџепи, во име на Владата на Република Македонија, се потпиша во книгата на жалост.
Во книгата на жалост, Вицепремиерот Османи напиша: „Бајрам Реџепи – човекот кој целиот свој живот претставуваше пример за сите нас. Ќе биде вечен споменот за вас!“
Бајрам Реџепи беше значаен политичар на Косово. Тој е првиот Премиер на Република Косово по конфликтот во 1999, а претходно беше Претседател на советот на Општина Митровица и градоначалник на Јужна Митровица. По професија Реџепи беше лекар и пред војната работеше во Здравствениот центар во Косовска Митровица