Новости
вторник, 16 август 2016 10:12
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми денеска, 15.08.2016 година, оствари проштална средба со амбасадорот на Француската Република во нашата земја Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер.
На почетокот на средбата вицепремиерот Адеми и се заблагодари на г-ѓа Оер за нејзината лична поддршка како и за поддршката и помошта на Република Франција за нашата земја и за нашите евроинтегративни напори, а особено за поддршката на Секретаријатот за европски прашања и другите државни органи.
Воедно вицепремиерот Адеми и посакауспех во нејзините идни ангажман со уверување дека дека и понатаму ќе може да сметаме на нејзиниот значаен придонес во однос на политиката на проширување на ЕУ.
Амбасадорот Оер истакна дека Франција ќе продолжи со поддршката за еворинтеграцијата на Македонија и посочи дека е потребно понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Во тој контекст, беше искажан спремност за обезбедување на експертска поддршка за справување со последиците од поплавите кои го зафатија главниот град Скопје и северо - западниот дел на Македонија.
Во однос на актуелната политичка состојба двајцата соговорници ја потенцираа важноста на целосно исполнување на Политичкиот договор и организација на кредибилни и демократски избори како и спроведувањето на реформите од европската агенда на инклузивен и транспарентен процес.
Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Оер се согласија дека и покрај предизвиците со кои се соочува ЕУ, потребно е да се задржи фокусот и на политиката за проширување, како една од најуспешните политики на Унијта.