Новости
понеделник, 15 август 2016 15:00
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа вториот координативен донаторски состанок, поврзан со катастрофалните поплави кои се случија на 6.8.2016 година. Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми, го водеше состанокот, а свои обраќања имаа и г. Питер Глерим тим лидерот на експерти кои пристигнаа во Република Маедонија преку Европскиот механизам за цивилна заштита, г-ѓа Луиза Винтон, Постојан координатор на ООН и постојан претставник на УНДП.
Вицепремиерот Адеми истакна дека целта на овој состанок е да се добие појасна слика за целокупната донаторската поддршка која до овој момент е обезбедена од страна на билатералните партнери, за која првично се разговараше на минатонеделниот состанок. Г. Глерим информираше за улогата и поддршката која ја обезбедува Механизмот за цивилна заштита, координацијата на помошта која веќе е добиена и помошта која дополнително ќе пристигне, а ги презентираше и советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои истите ќе се решаваат и ќесе санираат настанатите штети.
Вицепремиерот Адеми им се заблагодари на сите донатори за нивната подршка и ги охрабри редовно да ја пријавуваат помошта која ја донираат, со цел да се добие посеопфатен преглед на донираната помош.