ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Билатерални донатори
Норвешка

Норвешка програма за билатерална проектна соработка

Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Норвешка, преку Секретаријатот за европски прашања и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка започнаа соработка преку Годишна програма за билатерална проектна соработка со потпишување на Меморандум за разбирање на 06 јули 2004 година и адендумот на 03 март 2006 година.

Годишните износи на помошта варираат и зависат од годишниот буџет на Норвешка.

Годишниот износ на средства во последниот тригодишен период се движи во рамки на 25 – 35 милиони круни (3,5 – 4,5 милиони евра)1.

Целта на норвешката билатерална помош е поддршка на интеграцијата на Македонија во евроатланските структури. Спроведувањето на Рамковниот договор од Охрид претставува важен предуслов за поширокиот процес на интеграција. Акцентот се става на напорите на Македонија за исполнување на критериумите за членство во ЕУ и спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација преку зајакнување на демократските институции, владеење на правото, човековите права, како и поттикнувањето одржлив економски и социјален развој.

Исто така, помошта ќе придонесе за развивање поцврсти врски и односи помеѓу институциите и организациите од Македонија и од Норвешка.

Во рамки на редовните циклуси на програмирање утврдени се следните приоритетни области на соработка:

  • Добро владеење (преку поддршка на проекти за обуки и градење на капацитети за имплементација на НПАА)2
  • Одржлив развој (преку приоритетни области како енергија, животна средина, вработување и образование)

   ____________________________________________
1 Во зависност од девизниот курс на размена на НОК во ЕУР
2 Национална програма за усвојување на ЕУ право

 

Секретаријатот за европски прашања, како институција задолжена за координација на странската помош во Владата на Република Македонија, ги повикува сите заинтересирани субјекти (државни и јавни институции, НВО и други) да достават свои идеи, концепти и предлог-проекти, што би можеле да се реализираат во рамки на програмата.

Критериуми за селекција на проектите идеи (наведени во Програмските процедури за проектна соработка со Кралство Норвешка) се следните:

  • Придонес кон стратепките приоритети на Владата на Република Македонија и приоритетите на програмата
  • Релевантност кон НПАА
  • Комплементарност/преклопување со проектни активности финансирани од други извори
  • Зрелост
  • Национално ко-финансирање
  • Одржливост и независност на резултатите од идно финансирање
  • Меѓусекторска соработка
  • Партнерство со други национални и/или меѓународни организации

Идеите/концептите/проектните предлози што ќе бидат утврдени од страна на Владата на Република Македонија како поширок приоритет, ќе бидат претставени на Министерство за надворешни работи на Кралство Норвешка (програмски партнер) на редовен годишен програмски состанок (период февруари – април секоја програмска година) за прелиминарна согласност и понатамошно развивање.

Идеите/концептите/проектните предлози што ќе бидат развиени во полна проектна апликација (предлог) се доставуваат на разгледување и одобрување од Министерство за надворешни работи на Кралство Норвешка (програмски партнер) во втора фаза. Форма и упатство за пополнување на проектна апликација се достапни на следниот линк:

https://www.regjeringen.no/en/dep/ud/grants/project_application/id612525/

Проценката на потенцијалните апликанти и проектни партнери е дел од процесот на селекција на проектните идеи/концепти/предлози. Истата се прави врз основа на следните критериуми:

  • Квалитет на развиена проектна идеја
  • Капацитет/минато искуство на апликантот/партнерот во управување со слични проекти и работа во рамки на билатералната програма и/или други извори на финансирање
  • Сопствено учество во проектен буџет (за апликанти)
  • Развиени партнерства
  • Преференца на корисникот на проектот

За проектните апликации што ќе бидат одобрени следи потпишување на Договор за грант помеѓу апликантот (државна или јавна институција, НВО) и донаторот.

Податоци за досега реализирани и проекти во тек се достапни во Централната база на податоци за странска помош на Владата на РМ: www.sep.gov.mk/cdad

Во рамки на проектната соработка на Република Македонија со Кралството Норвешка, отворена е можност за учество на корисници од Република Македонија во регионални проекти кои би биле финансирани со средства од Кралството Норвешка. Министерството за надворешни работи на Норвешка на 07.03.2018 година објави регионален повик за аплицирање за Грант Шема за Западен Балкан. Повикот ќе биде отворен до 17.04.2018 година (13.00 часот), а аплицирањето е директно на порталот на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка на следниот линк:

https://grants.mfa.no/#call/921


Лица за контакт од СЕП:

Софче Крстиќ
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
Тел: +389 2 3200 – 243
e-mail: Sofce.zafirovska@sep.gov.mk


Валон Хаскај
Одделение за билатерална и мултилатерална помош
Тел: +389 70 372 - 827
e-mail: valon.haskaj@sep.gov.mk


Сподели ја содржината!
Друга странска помош
Билатерални донатори
Меѓународни финансиски институции
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.