Билатерални донатори
Општи информации
Сојузна Република Германија ја спроведува развојната соработка од 1952 година, целосно посветена кон зголемување на ефикасноста на развојната политика преку спроведување на целите поставени во Милениумската декларација, Монтерејскиот консензус и Планот за имплементација од Самитот во Јоханесбург.
Германската развојна соработка е структуирана на различни нивоа. Покрај директниот пристап кон државите партнери, Германија како земја членка на Европската Унија е активна во неколку европски тела и е вклучена во сите фази од спроведувањето на развојната соработка на ЕУ. Преку членството во многу меѓународни организации, како што се: Обединети Нации, Светска Банка, Меѓународен монетарен фонд, Организација за економска соработка и развој, Г8, Светска трговска организација, Генерален Договор за трговија и царини, регионални развојни банки и други агенции, позицијата и искуството на Германија во развојната соработка се претставуваат на глобално ниво.
Актери
Билатералната и мултилатералната развојна соработка на Сојузна Република Германија е во рамки на надлежностите на Сојузното Министерство за економска соработка и развој (BMZ). Организациите назначени од страна на Министерството за спроведување на развојната соработка се следните:
Германска развојна соработка
Политиката на развојната соработка на Сојузна Република Германија е независна област во рамки на германската надворешна политика. Водена е според следните четири основни принципи:
- Намалување на сиромаштијата во Светот;
- Заштита на животната средина;
- Градење мир и остварување демократија;
- Промоција на рамномерни облици на глобализација.
Акциската програма 2015 е основниот инструмент на Владата на Германија за спроведување на развојната политика, која што ги поставува формите на финансирањето за реализација на сеопфатната меѓународна рамка како за тековните, така и за понатамошните развојни активности.
Германија за развојна соработка на годишно ниво ќе одвојува сума еквивалентна на 0,51 проценти од БДП почнувајќи од 2010 година и 0,7 проценти почнувајќи од 2015 година, во согласност со планот на ЕУ за постепено зголемување на официјалната развојна помош.
Основните инструменти за планирање и насочување на германската развојна соработка се регионални стратегии и посебни стратегии за држави. Директната развојна соработка меѓу Германија и нејзините партнери се состои од следните инструменти: финансиска и техничка соработка. Постојат исто така, различни полиња на активности почнувајќи од ангажирање експерти, до развоен волонтерски сервис, обезбедување обуки за менаџери и експерти од државите партнери.
Развојната соработка меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија започна во 1992 година. Секоја втора година по билатералните владини преговори се потпишува Протокол за соработка. Последниот Протокол за соработка е потпишан на 14 октомври 2009 година.
Сојузна Република Германија е еден од најголемите билатерални развојни партнери на Република Македонија. Билатералната развојна соработка со Република Македонија е насочена кон следните основни области - тежишта:
1. Водоснабдување, одведување на отпадни води и заштита на природната средина;
2. Демократија и граѓанско општество;
3. Одржлив економски развој.
Покрај билатералната развојна соработка, постојат и други инструменти за соработка, како што се: регионални проекти; Отворени регионални фондови за Југоисточна Европа (фондови за надворешна трговија, за модернизација на општински услуги, правна реформа и услуги, енергетска ефикасност); меѓународни програми за градење капацитети подржани од InWent; интегрирани експерти од CIM во неколку институции; SES – Сервис на постари експерти; социо-политичко образование преку Фондациите: Фридрих Friedrich Ebert, Konrad Adenauer and Friedrich Naumann; тематски програми во области како води, климатски промени и борба против трговија со луѓе.
Согласно последните билатерални владини преговори, развојната соработка со Република Македонија, како земја кандидатка за членство во ЕУ, ќе биде намалена и насочена кон ЕУ претпристапните програми. Државата и понатаму ќе може да учествува во регионалните и тематските програми финансирани од Сојузното Министерство за економска соработка и развој и од другите сојузни министерства.
За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad
Лицa за контакт од СЕП:
Софче Зафировска
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 24