ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
ИПА 2014 - 2020
Планирање и програмирање на ИПА помошта за периодот 2014-2020 (ИПА II)

1. Општи забелешки

Инструментот за претпристапна помош (ИПА), како дел од пакетот на надворешни акции на Европската унија ќе продолжи да функционира и во периодот 2014-2010 година.
Новиот Инструмент е пошироко познат под името ИПА II.
Процесот за поставување на структурата и на принципите ИПА II започна во декември 2010 година. Конференцијата одржана во Брисел, симболично го означи почетокот на консултациите за ИПА II, по што следеа широки консултации со различните засегнати страни во текот на 2011, 2012 и 2013 година. Врз основа на консултациите, научените лекции и стекнатото искуство од тековната ИПА, беа подготвени основните документи и беа утврдени општите принципи за натамошното користење на ИПА II.
Нацртот на Регулативата за ИПА II и работниот документ за Правилата за спроведување (Регулатива за спроведување) се уште се преговараат во рамки на институциите на Европската унија. Истите предвидуваат одредени новини што ќе имаат влијание на програмирањето, воведувајќи сеопфатен и стратешки пристап кон претпристапната помош.
Компонентите се заменети со „области на дејствување“ и секторски пристап во управување со помошта. Новиот Инструмент цели кон постојаност на дејствувањето и поттикнување на поблиска соработка помеѓу четирите генерални директорати во Европската комисија, во одредување на една заедничка стратегија за секоја посебна земја. Целокупната координација на ИПА II му се доделува на Генералниот директорат за проширување, со исклучок на поддршката за земјоделството и руралниот развој, која што останува во надлежност на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој.
За разлика од тековната ИПА статусот на земјите корисници на помошта нема да влијае на типот и јачината на интервенциите, вклучувајќи го и пристапот до средствата расположливи за различните „области на дејствување“. Тоа ќе биде приспособено на потребите и капацитетите на секој посебен корисник.
Како и сите други документи за надворешно дејствување на Европската унија, ИПА II ќе биде повеќе ориентирана кон резултати. Потребно е да се осигури дека претпристапната помош има долгорочно влијание, ќе ја подобри ситуацијата во земјите-корисници и ќе го помогне унапредувањето во процесот на пристапување. Резултатите ќе се мерат на основа на јасно поставени цели, како и врз база на реални показатели за мерење на постигнувањата.
Новитет во ИПА II е и елементот на успешност, што подразбира дополнителни средства за оние земји кои што ќе покажат добри резултати, како и поголема флексибилност во пренамената на средствата.
Се претставуваат два документа за планирање на високо ниво, односно Заедничка стратешка рамка и Национални и Повеќе-кориснички стратешки документи. Ваквиот стратешки пристап ќе ја акцентира важноста на анализата на потребите и утврдувањето на приоритети за соодветни акции однапред. Подготовката на овие документи условува активно учество на земјите-корисници (поширок круг од НИПАК) и блиска соработка во рамките на Генералниот директорат за проширување, со останатите три генерални директорати задолжени за ИПА, со останатите линиски генерални директорати, со останатите учесници во процесот (вклучително и локалните власти, социјалните партнери и граѓанското општество), како и со останатите донатори и останати учесници (особено Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој, Светска банка, Организацијата за економска соработка и развој, Советот на Европа и Развојната банка на Советот на Европа).
2. Заедничка стратешка рамка
Цел:
Заедничката стратешка рамка за ИПА претставува новина во процесот. Таа го следи примерот на Структурните фондови и претставува стратешки документ за целиот ИПА инструмент (односно ги покрива сите области и земји). Целта на овој документ е поуспешно усогласување на финансиската помош со политиката на проширување на Унијата. Дополнително, Рамката поставува критериуми и насоки за распределбата на ИПА средствата, како и за планирањето и програмирањето на ИПА помошта на најефективен и најефикасен начин, со посебен фокус на:
- Приоритети и временската рамка на акциите;
- Влијанието на акциите финансирани преку ИПА и нивниот придонес за напредок во врска со пристапувањето;
- Поставување на цели и следење/наградување на постигнувањето.
Главни актери и подготовка на нацртот на Заедничката стратешка рамка:
Подготовката на Заедничката стратешка рамка е заедничка задача на четирите генерални директорати вклучени во ИПА процесите, со водечка координативна улога на Генералниот директорат за проширување. Притоа, главен придонес треба да обезбедат субјектите кои што се во занимаваат со политиката на проширувањето, како и субјектите кои се запознаени со ситуацијата во земјите-корисници Истиот ќе биде доставен на мислење до земјите-членки на Унијата, а Европскиот парламент може исто така да го искаже својот став по однос на документот (најнапред во контекст на зголемената демократска контрола, дополнителни и засилени форми на учество се сé уште во фаза на консултација во законодавната процедура).
Главни извори на информации што се користат:
- Стратегијата за проширување;
- Европа 2020;
- Програмите за реформи во сферата на вработувањето и социјалните прашања за земјите-пристапнички);
- Евалуацијата на минатата помош и научените лекции; д) исходот на работната група за показатели;
- Исходот на работната група за секторскиот пристап; е) одредбите на ИПА регулативата за спроведување 2007-2013.
3. Национални и Повеќе-кориснички стратешки документи
Цел:
Националните стратешки документи ќе претставуваат стратегија на Комисијата за користењето помошта во секоја ИПА земја, поделено помеѓу земјите-корисници. Истите ќе се базираат на (и ќе ја поддржат) соодветната стратегија за пристапување на секоја земја, таму каде што таква постои. Овој документ, во погенерален контекст ќе ги објасни специфичните цели, односно резултати кои што треба да се постигнат.
Националните стратешки документи ќе ги заменат постојните Повеќе-годишни индикативни документи за планирање и Стратешките кохерентни рамки на Компонентата 3 и Компонентата 4. Тие ќе бидат сеопфатни во описот на актуелната ситуација при нивното покривање на различните области на дејствување, истовремено фокусирајќи се на избраните области и сектори во кои што ќе се интервенира. Тие ќе бидат поткрепени со соодветна анализа на потребите на земјите-корисници, како на пример национални секторски стратегии и релевантни регионални стратегии и планови, онаму каде што постојат.
Националните стратешки документи ќе ги утврдат приоритетите на самиот почеток на седум-годишниот период, смисла на реформите што треба да се преземат во земите-корисници со поддршка на Европската унија (во согласност со веќе утврдените и релевантни политики поврзани со проширувањето, вклучително и Стратегијата за проширување на ЕУ). Документите ќе дадат насоки за обемот на помошта што Комисијата може да ја обезбеди, како и за типот на планирани акции. Документите ќе бидат фокусирани околу секторите, групирани околу „областите на дејствување“, за кои што е потребна поддршка за неопходните административни, политички и економски реформи. Оттаму, тие ќе ја постават рамката за повеќе-годишни или годишни програми, кои што ќе треба да бидат во целост усогласени со таквата рамка.

Главни актери и подготовка на нацртот:
Генералниот директорат за проширување, заедно со соодветните делегации на ЕУ и службениците задолжени за одредени поглавја, ќе имаат водечка улога во подготовката на нацртот на Националните стратешки документи, со активно учество на земјите-корисници преку широки консултации. Одделението за повеќе-корисничка помош исто така ќе биде консултирано, со цел да обезбеди можна поврзаност од придонесот на повеќе-корисничката помош. ИПА генералните директорати ќе обезбедат директен придонес, додека другите линиски генерални директорати треба да бидат вклучени во процесот. На сличен начин, нацртите на Повеќе-корисничкиот стратешки документ и на документот за Територијална соработка ќе бидат подготвени од страна на Одделението за повеќе-корисничка помош, во консултација со географските директорати, засегнатите делегации на Европската унија, службениците задолжени за одредени поглавја, ИПА генералните директорати, останатите релевантни генерални директорати и земјите-корисници.
Регулативата за ИПА II предвидува дека Националните стратешки документи ќе бидат подготвени од Комисијата во партнерство со земјата-корисник или со засегнатите земји. Со таа цел, се организира формален процес на консултации во секоја земја-корисник, придружен со неформален процес на консултации за време на подготовката на нацртот. Треба да се потенцира дека партнерството претпоставува вклучување на надлежните регионални и локални институции, економско-социјалните партнери, граѓанското општество и останатите невладини актери. Земјата-корисник ќе биде одговорна за обезбедување на инклузивно партнерство во подготовка на стратешките документи и подоцна во спроведувањето и следењето.
Главни извори на информации што се користат:
- Заедничка стратешка рамка;
- Последните извештаи за напредок и стратегии за проширување;
- Европа 2020;
- Програми за реформи во сферата на вработувањето и социјалните прашања за земјите-пристапнички;
- Национални секторски стратегии и анализи (веќе постоечки во земјите-корисници спроведени на национално доколку се релевантни или спроведени од надворешни партнери како на пример Светска банка);
- Стратегија 2020 за Југо-источна Европа и стратегии поврзани со неа;
- Стратегии на активните донатори;
- Статистички податоци користени во извештаите за напредок (како на пример од Организацијата за економска соработка и развој или Евростат).
4. Програми
На почеток, програмирањето и спроведувањето на ИПА II за областите на дејствување и секторите што во моментот се наоѓаат во склоп на Компонента 3 и Компонента 4, се префрлени во надлежност на Генералниот директорат за проширување. Во таков случај, Генералниот директорат за вработување и Генералниот директорат за регионална политика ќе бидат активно вклучени во програмирањето. Тие, понатаму ќе продолжат со управување на ИПА II средствата за соодветните области во земјите-корисници, откако заеднички ќе се заклучи дека одредена земја е доволно напредната за почеток на подготовката на основните потреби за идното користење на Структурните фондови. Условите за ваков договор ќе бидат утврдени во соодветен договор помеѓу ИПА генералните директорати. Што се однесува до Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, тој ќе продолжи да ги спроведува програмите за рурален развој во Турција и Македонија.

Програмите можат да бидат годишни или повеќе-годишни. Примената на повеќе-годишно програмирање (односно повеќе-годишно буџетско планирање од 3+4 години) ќе биде воведено за сите области на дејствување и треба да биде избрано решение, особено во рамки на индиректното управување (она што во ИПА 2007-2013 се нарекуваше децентрализирано управување).
Опцијата за воведување на повеќе-годишни програми, односно повеќе-годишно буџетско планирање, треба да се земе предвид, меѓу другото, заради: а) правилата на ревидираната Финансиска регулатива (можноста за задолжително автоматско губење на средствата) и поврзаните Правила за аплицирање; б) можностите за доделување на пренос на надлежности за децентрализирано управување со помошта.

УРНЕЦИ ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

НАЦИОНАЛНИ ПРОГРАМСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА 2014г.

Во оправдани ситуации, можноста за програмирање на годишна основа нема да биде исклучена.
1. ИПА II регулатива_нацрт
2. ИПА II патоказ
3. Општи насоки
4. Заедничка стратешка рамка
5. Национални стратешки документи

За дополнителни информации од Директоратот за сосетска политика и проширување 

http://ec.europa.eu/enlargement/instruments/funding-by-country/former-yugoslav-republic-of-macedonia/index_en.htm 

ИПА Повеќе - корисничката годишна програма за 2015

 

НАЦИОНАЛНИ ПРОГРАМСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА 2015

COMMISSION IMPLEMENTONG DECISION of 9.12.2015

IPA 2015 Republic of Macedonia - EU Integration Facility

IPA 2015 Republic of Macedonia - Participation in Union Programmes

IPA 2015 Republic of Macedonia Agriculture Food Safety

 

 

 

1509-002 Amend McP 2014 - WBIF TA - non substantial-TO NIPACs all WB

1509-002 Annex McP 2015- AD to all WBs.

 

Прв Повик за проектни предлози на Програмата Интерег-ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

- Прв повик за CBC со Бугарија

- 10 Golden Rules to ensure visibility of EU funding

 

Уредба за ИПА2

Уредба за ИПА2 (Службен весник на РМ, 21 март 2016)

 

НАЦИОНАЛНИ ПРОГРАМСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА 2016г

Сподели ја содржината!
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.