ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Преговори
Скрининг - Аналитичко испитување на усогласеноста со правото на ЕУ

Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на состојбата во земјата кандидат во однос на поглавјата од правото на ЕУ. Како процес, тој има за цел, од една страна - да ги запознае земјите кандидати со правото на ЕУ и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите.

Скринингот трае околу една година и се спроведува врз основа на изготвен распоред од страна на Комисијата (Генерален директорат за проширување, во консултација со надлежните директорати). Се спроведува по поглавја, освен за поглавјата: 34 „Институции" и 35 „Други прашања", кои се предмет на преговори во последната фаза од процесот на пристапување. Најпрво се одржуваат состаноци за објаснување на кои претставници на Комисијата детално го презентираат правото на ЕУ, а потоа билатерални состаноци со секоја држава. Потоа, Комисијата подготвува извештај за скринингот и го презентира на Советот. По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за започнување на преговорите, по препорака на Комисијата.


Извештајот од скринингот содржи четири дела:

  • објаснување на правото на ЕУ во поглавјето,
  • резултати од скринингот - информации дадени од земјата кандидатка и проценка на Комисијата,
  • заклучоци и препораки на Комисијата,
  • и во последниот дел Комисијата му препорачува на Советот дали да се отворат преговори за поглавјето, и доколку не - кои одредници да се постават.
Сподели ја содржината!
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.