ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Организација
Организација

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) е основан како посебна стручна служба на Владата на Република Македонија во 2005 година, со трансформација на претходниот Сектор за европска интеграција во рамките на Генералниот секретаријат на Владата. Формирањето на Секретаријатот беше одговор на нараснатите потреби кои произлегуваат од интензивирањето на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија, во функција на стратегиската цел за членство на Република Македонија во Европската унија.

Членството во Европската унија, од воспоставувањето на системот на стратегиско планирање, во континуитет е стратегиски приоритет на Владата на Република Македонија, со непосреден фокус на отворањето преговори за членство во Унијата.

МИСИЈА НА СЕП
Нашата мисија е да се обезбеди стручна поддршка и координација на работата на органите на државната управа и на другите органи и институции за подготовка на Република Македонија за членство во Европската унија.

ВИЗИЈA
СЕП има визија со која сакаме ефикасно да ја оствариме координативна функција во текот на пристапувањето во Европската унија, со успешно завршени преговори за членство, и да ја приспособиме својата функција кон исполнување на обврските на Република Македонија како членка во Европската унија.

КАРАКТЕРИСТИКИ
СЕП е стручна служба на Владата на Република Македонија раководена од членот на Владата задолжен за европски прашања кој ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа.


Работата на СЕП е уредена со Законот за Владата на Република Македонија.

СЕП има хоризонтална координативна функција за прашањата поврзани со подготовката за членство на Република Македонија во Европската унија.

Секретаријатот остварува интензивна соработка со органите на државната управа и со други органи и институции.

СЕП остварува функција на следење на обврските. Секретаријатот нема управна функција.

Резиме на стратешкиот план (pdf)

 

Делокруг на СЕП

Сподели ја содржината!
За нас
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Проектни единици
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.