Новости
четврток, 12 мај 2016 16:20
Денес, Секретаријатот за европски прашања во светло на празнувањето на Денот на Европа, 9. Мај, одржа дебата од циклусот “ЕУ Ѕвезди” на тема: "Родова Еднаквост ", на која дебатираа студентите од Правниот факултет при Државниот Универзитет во Тетово, во чии простории се одржа истата. Пред започнување на дебатата на студентите им се обратија Вицепремиерот Адеми и деканот на Правниот факултет проф. д-р Ферат Полиси, кои ја истакнаа улогата на дебатите во развојот на демократските општества.
Дебататирањето е важна вештина во живот, таа му додава вредност на академскиот , како и на социјалниот живот на младите луѓе. Дебатата ви помага да ги артикулирате своите мисли на јасен и ефикасен начин- истакна Адеми во своето воведно обраќање.
Преку дебатирање не само што внесувате разновидност во изразување на своите ставови,туку на тој начин вие се изградувате како личностнот. Дебатата ви овозможува да имате свој став за релевантни општествени прашања, ве поттикнува да комуницирате со луѓето , а исто така размислувате појасно и многу брзо за краток временски период- додаде вицепремиерот Адеми.
Денешната дебата има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ. Преку дебатите, СЕП цели кон овозможување на отворен форум за дебата помеѓу младите, насочен кон охрабрување на критичното мислење и поттикнување на култура каде на истата се гледа како на демократски начин за надминување на разликите во мислењата.
Дебатата која се одржа денеска е дел од дебатниот циклус во рамките на иницијативата “ЕУ Ѕвезди” кој започна со реализација во мај 2015 година и ќе продолжи и понатаму во текот на годината со цел да се слуша гласот на младите како идни европски граѓани.
Дебатата е дел проектот на СЕП Младите за ЕУ.