Новости
среда, 04 мај 2016 17:17
Заменик-претседателот на Владата задолжен за Европски прашања г-дин Арбр Адеми денес учествуваше на отворањето на програмата „Денови на Европа во општина Чаир„ која бсе организирана од Институтот за Меѓународни и Политички Студии и Општина Чаир.
Вицепремиерот Адеми ја поздрави оваа организацијата која што ги иницира прославите за 66-та годишнина на Европската Унија.
“Денес сме овде да го промовираме присуството на идејата и европските вредности кои се поврзани и со верувањата на граѓаните на Република Македонија, а особено со новите генерации како главен столб на нашето општество„ истакна Вицепремиерот Адеми информирајќи за активностите на Секретаријатот за европски прашања кои ќе се превземаат за одбележувањето на денот на Европа – 9мај.