Новости
четврток, 28 април 2016 15:24
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Н.Е. г. Бранко Раковец.
Вицепремиерот Адеми накусо го информираше г. Раковец за минатонеделната официјална посета на Р. Словенија и изрази благодарност за дадената поддршка од негова страна при остварување на истата.
За време на средбата соговорниците се осврнааа на актуелната политичка состојба во државата, билатералната соработка помеѓу двете земји како и на поддршката која нашата земја ја добива од Република Словенија на својот евроинтегративен пат.
Во однос на политичките случувања во Македонија, вицепремиерот Адеми се осврна на последните настани во земјата, која се наоѓа во исклучителна комплексна политичка состојба и изрази уверување дека откакажаната лидерска средба во Виена, под покровителство на Комесарот Хан и тројцата европратенци, ќе треба итно да ги поттикне лидерите на политичките партии да побараат нов начин за излез од кризата и позитивен исход. Адеми истакна дека треба да се следат постулатите од Политичкиот договор и да се организираат кредибилни и инклузивни избори, кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница.
Во тој контекст беше побарана поддршка од Словенија за задржување на препораката за почеток на преговори, што за нас е од особена важност, и беше посочено дека не треба да бидеме ценети само според моменталната ситуација, туку и според целокупниот досегашен напредок.
Во врска со билатералната соработка помеѓу двете земји, соговорниците зеднички оценија дека истата е на исклучително високо ниво и дека двете земји имаат стратешко партнерство кое се карактеризира со континуирана поддршка за процесот на ево-атлантска интеграција на Македонија. Исто така беше заклучено дека постојат услови за понатамошно продлабочување на соработката во сферата на економските и трговските односи.
Во однос на миграциската криза, Амбасадорот Раковец ја истакна позитивната и конструктивна улога на Македонија во справувањето со истата и нејзиниот придонес за спречување на обидите за нелегален премин на македонско -грчката граница. Улогата на Македонија беше оценета како многу значајна и како јасен придонес кон сеопштиот план на ЕУ за справување со миграциската криза.
Соговорниците се осврнаа и на значењето на добрососедските односи и регионалната соработка при што уште еднаш беше заеднички потенцирано дека билатералните спорови не треба да ги попречуваат земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ.