Новости
понеделник, 18 април 2016 16:32
Како резултат на заедничка соработка, која што произлезе од минатомесечното потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Секретаријатот за Европски прашања и Македонската академија на науките и уметностите, Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми, заедно со претходниот Вицепремиер Фатмир Бесими остварија работен состанок со Претседателот на МАНУ, Академик Таки Фити во врска со организација на Конференцијата “ Македонија кон Европската Унија 2020 – Искуства, предизвици и перспективи“ која треба да се одржи на 06 мај 2016 година во просториите на МАНУ.