Повик до граѓанските организации
Почитувани,
Согласно
заложбата на Владата на Република Македонија за поголема транспарентност во
својата работа и потесна соработка со граѓанскиот сектор, Секретаријатот за
европски прашања е во постапка на ревизија и ажурирање на контакт листата на невладините
организации.
Ги повикуваме
сите граѓански организации во Република Македонија кои работат на теми во
области поврзани со евро-интегративните процеси, ја следат и мониторираат ВРМ
во спроведувањето на реформски политики, но и се заинтересирани да учествуваат
во дискусии/дебати/консултации организирани од страна на
Секретаријатот за европски прашања, како и во следење на објаснувачките
состаноци за поглавјата од правото на ЕУ да го пополнат формуларот достапен на
линкот:
Овде можете се пријавите
Напомена: При пријавувањето ве молиме задолжително да го наведете конкретното поглавје/а во кои сте
активни и за кои имате интерес.
Пријавата за интерес ги содржи следните податоци:
• Точен назив на организацијата:
• Адреса на седиштето:
· Генерички е-маил и телефон на организацијата:
• Веб страница;
• Одговорно лице/Лице за контакт;
• Област/и (поглавје/а) во кое е активна организацијата;
· Е-маил на лице кое го покрива поглавјето
Напомена: За секоја настаната измена во Вашите податоци, молиме да бидеме навремено известени.