ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Стипендии
Услови за добивање стипендија за учебната 2013-2014 година

Кандидатите за доделување на стипендија за постдипломски студии треба да ги исполнуваат следниве услови:

-да се државјани на Република Македонија;
-да се државни службеници во Република Македонија
-да поседуваат универзитетска диплома за завршено соодветно високо образование
-да потврдат дека се запишани на постдипломски студии на високообразовна институција во Република Македонија со соодветната програма на постдипломските студии од наведените области : европското право, економија, политките на ЕУ и/или мултидисциплинарни студии за ЕУ/ЕИ;
-одлично да го владеат англискиот јазик (познавањето на други јазици од земјите-членки на ЕУ се смета предност).

Нема да бидат разгледувани апликациите на кандидатие кои:
-се пред завршување на постдипломски студии и бранење на тезата
-веќе завршиле едни постдипломски студии и бараат стипендија за втори постдипломски студии;

Напомнуваме дека:

-Предност ќе имаат кандидатите коишто се членови на работните групи под Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), вработени во сектори за ЕУ при министерствата и органите на управата
-избраните кандидати се обврзуваат да ги завршат студиите и да магистрираат во период од најмногу 3 (три) години од денот на упис на студиите;
-избраните кандидати се обврзуваат да продолжат да работат во државната администрација во период од најмалку 4 (четири) години по завршувањето на постдипломските студии.

Кои се потребните документи? или,
Што треба да содржи апликацијата?

-пополнет образец за пријавување на конкурсот за доделување на стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ (образецот за пријавување ќе биде достапен откако ќе се објави конкурсот за доделување стипендии за постдипломски ЕУ/ЕИ студии);
-биографија на македонски и на англиски јазик (ЕУ-формат);
-линк до програмата на постдипломските студии – доколку нема линк или пак програмата не е опишана на Интернет, список на предметите од кои се состои програмата;
-писмо со коешто се образложуваат мотивите за конкурирање, на македонски и на англиски јазик.

Поднесување на апликација за стипендија

Конкурсот за доделување стипендии ќе биде објавен во јавните гласила и на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk во текот на месец септември и октомври 2007 година. Кандидатите за стипендија пријавите со потребната документација можат да ги достават по електронски пат на следниве е-адреси: biljana.stojanoska@sep.gov.mk или ljubica.siljanovska@sep.gov.mk или по пошта на следната адреса и назнака:

Влада на Република Македонија
Секретаријат за европски прашања
(стипендии за постдипломски ЕУ/ЕИ студии)
бул. “Илинден” бб 1000 Скопје

Или лично да ги предадат во затворен плик во Архивата на Владата на Република Македонија.

Што потоа?

По извршената селекција од пристигнатите апликации/молби за добивање стипендија за поддршка на постдипломските студии за ЕУ/ЕИ, избраните кандидати потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија со кои ќе се обврзат да продолжат да работат во државната администрација во период од најмалку четири години, по нивното завршување на постдипломските студии.

Сподели ја содржината!
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.