Денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров се сретна со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристијан Тимоние на која беа разгледани повеќе аспекти битни за одржувањето на првата меѓувладина конференција со што и официјално започнуваат пристапните преговори со Европската Унија.
Димитров: „Кредибилитетот на евроинтегративниот процес несомнено беше зајакнат преку обновениот пристап за кој што Франција, како еден од моторите во Унијата , но и како пријател на Северна Македонија, преку новата методологија ни помага да ги трансформираме реалностите на теренот кон подобро.“
Од француска страна беше реафирмирана поддршката на патот кон остварувањето и на оваа стратешка цел, потенцирајќи дека зајакнатата политичка димензија и предвидливоста на процесот се во интерес на Северна Македонија, регионот, Франција и ЕУ.