Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес се сретна со Резидентната координаторка на Обединетите Нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.
На средбата се разговараше за помошта која што канцелариите на Резидентната координаторка и на Обединетите нации ќе ја пружат за подготовка на сеопфатен долгорочен развоен план на Северна Македонија.
ЗПВ Димитров: „ Долгогодишното присуство и помош на ОН и нивните агенции, како наши партнери во постигнување на инклузивен и одржлив разво,ј ни дава за право да сметаме на засилена соработка и на полето на реформските цели кои што произлегуваат од националните приоритети. Продлабочените односи во иднина ќе ги вклчуат сите релевантни чинители на национално и локално ниво, невладините организации, донаторите, приватниот и медиумскиот сектор, како во процесот на планирање така и при имплементацијата.“
Вицепремиерот Димитров упати благодарност за брзата реакција на сите агенции на ОН во земјава во контекст на справувањето со пандемијата предизвикана од коронавирусот.