Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со амбасадорката на Соединетите американски држави во земјава, Кејт Мари Брнз, прва по преземањето на новата функција.
Соговорнициите разговараа на повеќе теми, со акцент на клучните активности во периодот што следи, во контекст на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија.
ЗПВ Димитров: „Како наш традицонален пријател и клучен партнер во реализација на нашата евроатлантска цел, САД останува суштинска поддршка и во реформскиот процес витален за остварувањето и на нашата европска агенда, несебично вложувајќи ги своите политички и економски капацитети. “
Од американска страна беше истакнато дека со исполнувањето на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО, како и со напорите за спроведување на принципите и вредностите на зрела демократска држава, Северна Македонија продолжува да ја зацврстува својата позиција на кредибилен партнер.
На средбата стана збор и за централната улога на Секретаријатот за европски прашања во најзначајниот период на нашата земја во светло на отпочнувањето на пристапните преговори, разгледувајќи ги и можностите за американска помош во подготoвка на зрели проекти.