Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денес оствари средба со амбасадорот на Полска во Северна Македонија, Војциех Тицињски, прва по преземањето на новата функција.
Димитров ја поздрави принципиелната поддршка на Полска во контекст на реализацијата на стратешките цели на Северна Македонија, особено напорите за брзо усвојување на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори.
ЗПВ Димитров: „Принципелната поддршка на Полска е само уште една потврда за препознавањето на успесите и достигнувањата на Северна Макеодонија чии институции преку институциионална соработка и преку искуството на Полска ќе ги зајакне капацитетите при надминувањето на предизвиците во периодот што следи во контекст на преговарачкиот процес.“
Вицепремиерот Димитров му се заблагодари на полскиот амбасадор за иницијативата за евентуална набавка на вакцини за КОВИД19 преку полската квота, во моментот кога вакцината ќе биде достапна и ќе бидат дефинирани договорни одредби меѓу производителите, Европската комисија и земјите членки на ЕУ.