ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба на Вицепремиерот Бесими со новиот Еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан
12:09, вторник, 17 февруари 2015

Во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, оствари средба со Комесарот за Европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.

На средбата фокусот беше ставен на напорите на Владата на Република Македонија во насока на спроведување на реформите кои се нопходни за успешна реализација на евроинтегративниот процес на нашата земја, како и за статусот на спроведувањето на ИПА.

На состанокот се разговараше за спроведувањето на приоритетните активности, произлезени од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, меѓу другото и за областите, слобода на изразување и медиуми, судство, борба против корупција и организираниот криминал, меѓуетнички односи, реформи во јавната администрација, добрососедски односи, регионална соработка и зголемување на економскиот раст и вработување.

Потпретседателот на Владата Бесими, се осврна и на потребата од продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво, со цел одржување на динамиката во реформскиот процес и постигнување на инклузивност преку политички дијалог и вклучување на општествените чинители, што ќе придонесе кон кредибилноста на процесот на европска интеграција на Република Македонија.

Меѓу другото, на состанокот дискутиран беше и статусот на спроведување на ИПА, Акцискиот план за подобрување на искористеноста врз основа на научените лекции, програмирањето на ИПА 2015-2016, како и за можноста за помош од страна на Европската Унија и нејзините земји членки со цел санирање на настанатите штети во поплавените подрачја.

На крајот беше истакнато дека интерес и на Европската комисија и на Република Македонија е поскоро отворање на пристапните преговори и членство на земјата во Унијата . Во таа насока од Европската комисија очекуваат Република Македонија да работи кон надминување на предизвиците со кои е соочена и да ја одржи реформска агенда.

Сподели ја содржината!
Новости
ЗПВ Димитров на видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседство и проширување, Вархеји и колегите од регионот
Од средбата Димитров - Рот: „Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат“
Димитров: „Во светло на обезбедувањето на финансиска поддршка за ЗБ особено ќе биде значајно усвојувањето на Економскиот-инвестициски план за регионот, за забрзување на економскиот развој и подобар животен стандард на граѓаните во регионот”
Средба на Димитров со советникот на Меркел: Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде огромен поттик да ја изодиме клучната етапа од патот кон членство во ЕУ
ЗПВ Димитров во Берлин на средба со советникот за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Багер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.