ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Прва официјална средба на Вицепремиерот Бесими со Директорот за Западен Балкан Жан Ерик Паке
15:08, четврток, 22 јануари 2015

Денес (22.01.2015) во просториите на Секретаријатот за европски прашања, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, оствари прва официјална средба во Р. Македонија со новиот директор задолжен за Западен Балкан, во Генералниот Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија, Жан Ерик Паке, со г-дин Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на ЕУ, претставници на Европската Комисија и претставници на Делегацијата на Европската Унија.

На почетокот на средбата вицепремиерот Бесими му упати честитки на директорот Паке за неговата нова функција, посакувајќи му успешно да ги реализира зацртаните цели во рамките на неговите надлежности.

На средбата се дискутираше за клучните приоритети на Република Македонија во процесот на европската интеграција, како и нејзините перспективи и реформите кои се преземаат за реализација на европската агенда, како и за очекувањата на Република Македонија од Европската комисија во делот на политиката за проширување.

Вицепремиерот Бесими истакна дека и покрај должината на процесот, Евро-атлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет на нашата земја и дека Владата напорно работи во спроведување на зацртаните реформи. Во тој контекст, нагласи дека Владата веќе има усвоено и ја следи реализацијата на акцискиот план на селектирани приоритети врз основа на препораките на Европската Комисија, кои се клучни во процесот на пристапување во ЕУ, како што се: слободата на изразување и медиумите, судството, меѓуетничките односи, реформите во јавната администрација, добрососедските односи, регионалната соработка и изборните реформи. Но истовремено ја нагласи потребата од засилен интерес и преземање на конкретни чекори од страна на Европската Унија во насока на надминување на препреката наметната со долгогодишниот спор со името, со цел што поскоро отпочнување на пристапните преговори.

Од страна на Вицепремиерот Бесими уште еднаш беше иницирано одржување на Регионална министерска конференција за евроинтеграциските процеси на земјите од регионот, што беше поздравено од страна на соговорниците.

Беше дискутиран и статусот на спроведување на ИПА и Акцискиот план за подобрување на искористеноста врз основа на научените лекции од претходниот период во светло на ИПА II.

Директорот Паке, ја истакна својата подготвеност за овозможување на понатамошен придонес за поддршка на реформските процеси во нашата земја и изрази надеж дека конечното пристапување на Република Македонија позитивно ќе влијае за развој на државата и регионот.

На состанокот беше истакнато дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан останува во агендата на Европската Унија и Европската Комисија. Тие очекуваат Република Македонија да продолжи со реализација на ЕУ агендата.

Во текот на утрешниот ден дискусиите во доменот на ИПА ќе продолжат во рамките на Заедничкиот работен комитет за следење на сите компоненти од ИПА.

 

Сподели ја содржината!
Новости
ЗПВ Димитров на видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседство и проширување, Вархеји и колегите од регионот
Од средбата Димитров - Рот: „Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат“
Димитров: „Во светло на обезбедувањето на финансиска поддршка за ЗБ особено ќе биде значајно усвојувањето на Економскиот-инвестициски план за регионот, за забрзување на економскиот развој и подобар животен стандард на граѓаните во регионот”
Средба на Димитров со советникот на Меркел: Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде огромен поттик да ја изодиме клучната етапа од патот кон членство во ЕУ
ЗПВ Димитров во Берлин на средба со советникот за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Багер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.