ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Проектни единици
Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)

Опис

 

Владата има кусо но интензивно искуство во мобилизирање и спроведување на билатерална и мултилатерална развојна помош. Секоја година, Република Македонија добива значителна сума на странска помош, вклучително и средствата од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ - ИПА. Ефикасното користење на странската помош, со цел постигнување на подобри резултати е клучно за развојот на земјата, подобрувањето на животните стандарди како и подготовката за влез во ЕУ. Зголемувањето на ефикасноста на странската помош е особено значајно во услови на глобална економска криза и потешки услови за привлекување на странски инвестиции. Менувањето на условите за добивање и искористување на странската помош, согласно потребите на процесот на пристапување кон ЕУ, придонесе кон зголемување на напорите за подобрување и зајакнување на улогата на Националниот систем за координација на странска помош.

 

Цел
Главна цел на четвртата фаза на проектот Градење на капацитети за координација на странска помош е да го зајакне националниот систем за координација на странска помош, да ги унапреди механизмите за управување со странска помош, како и да воведе систем за регуларно следење на индикаторите за ефикасност на странската помош - воспоставени со Париската Декларација. Целта е да се постигне усогласено, прозрачно, одговорно и ефикасно управување со странската помош. Воспоставување на ефикасна институционална структура, како и мрежа на професионални и обучени вработени лица со експертиза за координација на странска помош, е клучна цел на проектот, вклучително и потребата од развивање на долгорочно стратешко планирање.

Среднорочни резултати
Во јуни 2009 година Секретаријатот за европски прашања го воведе програмскиот пристап (ПБА) со цел обезбедување на поголем опфат и подобра ефикасност на развојната помош, подобрување на националната сопственост и хармонизација со владините стратегии, како и зајакнување на партнерството меѓу развојните партнери.
Овој пристап најпрвин беше воведен за пет програмски области кои се од особена важност за развојот на државата, и каде што координираниот пристап за странската помош е најнеопходен: деловно опкружување, човечки капитал, земјоделство, животна средина, добро владеење. Помеѓу Владата и донаторската заедница беа воспоставени и договорени соодветна институционална структура на програмскиот пристап, како и основни концепти за негово спроведување.

Програмскиот пристап претставува, како концепт, индикатор за залагањата на Владата во сферата на координација и управување со националните и странските фондови, со цел остварување на зададени стратешки цели и приоритети на Република Македонија. Со реализацијата на овој модел, се прави исчекор кон зајакнување на заложбите и ефикасноста на помошта, практикувањето на сеопфатно и среднорочно стратешко планирање на развојната помош, како и остварување на напредок во исполнувањето на глобалните принципи на Париската Декларација.

Партнерства
Во моментот, имплементацијата на четвртата проектна фаза обезбедува директна поддршка за клучните национални структури одговорни за координација на странската помош - Националниот координатор за странска помош, Секретаријатот за европски прашања и следните линиски министерства, во улога на проектни партнери:

Министерство за транспорт и врски
Министерство за локална самоуправа
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование и наука

Членови на проектниот тим
 

Антонета Манова Ставреска
Проектен менаџер
Телефон: (02) 3200259
е-маил: antoneta.stavreska@undp.org

Мите Цилковски
Проектен асистент
Телефон: (02) 3200259
е-маил: mite.cilkovski@sep.gov.mk

Милена Арсова
Соработник за следење, анализи и поддршка
на политики во Секретаријатот за европски прашања
Телефон: (02) 3200259
е-маил: milena.arsova@sep.gov.mk

Александра Сеизова
Соработник за следење, анализи и поддршка
на политики во Секретаријатот за европски прашања
Телефон:(02) 3200259
е-маил: aleksandra.seizova@sep.gov.mk

Гоце Маркоски
Соработник за следење, анализи и поддршка
на политики во Министерство за транспорт и врски

Сподели ја содржината!
За нас
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Проектни единици
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.