ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Интервјуа
Бесими: Препораката позитивна, забелешките бараат работа
09:43, петок, 10 октомври 2014

Во интервју за онлајн магазинот Инбокс7 заменик премиерот за европски интеграции, Фатмир Бесими го коментира последниот извештај на Европската Комисија за прогресот на Македонија, кој го оценува како значаен заради повторувањето на препораката, по шести пат за започнување на преговорите со Европската Унија, која според него влијае врз очекувањата на граѓаните и врз динамиката на реформите. Бесими ги коментира и забелешките на Европската Комисија осoбено во врска со реформите во судството, државната и јавната администрација, реформите во сферата на економијата, слободата на медиумите, a ги коментира и разликите помеѓу владините партнери околу името и интеграцијата.

Инбокс7: Г-дине Бесими која е генералната оценка на Македонската влада во врска со неодамнешниот извештај на Европската комисија за напредокот што го постигна земјата?

Бесими: Најпрво сакам да кажам дека е исклучително важно што Македонија и оваа година има препорака за започнување на преговорите со Европската унија. Ние сме свесни дека повторувањето на препораката по шести пат, секако дека влијае врз очекувањето на граѓаните и врз самата динамика на реформите, но важно е дека и оваа година може да се сконцентрираме директно на реформската агенда и темите кои се наведени во извештајот, како што се: судството, слободата на изразување, добрите меѓуетнички односи и решавањето на прашањето за името. Значи самата препорака е можност плус да се фокусираме на оние теми кои се од исклучително значење. Сакам да нагласам дека извештајот е работен документ, објективен документ во кој веќе се фокусираме на сите критики и препораки кои се наведени тука за да можеме да покажеме напредок во текот на овој период или следната година.

Инбокс7: Дали е доволна пораката ако се знае дека имаше многу критики или сериозни забелешки во извештајот на Европската комисија. Како гледате вие на овие предупредувања, дали претставуваат загриженост за владиниот кабинет и како планирате да реагирате на овие забелешки?

Бесими: Секако, значи како што споменав важно е дека има препорака, но најважно е, и она што ќе ни одземе најмногу време во текот на овој период се забелешките кои се евидентирани во овој извештај, и независно што забелешките имаат еден поригорозен или подипломатски тон, за нас се сериозни прашања на кои треба да се концентрираме во текот на овој период. Ова ќе биде нашето залагање во наредните денови, но и во текот на годината. Прво што ќе направиме, еве веќе почнавме да правиме анализа, таканаречена ГАП анализа за да видиме што беше испланирано за минатата година и каква е проценката на Европската унија. Во исто време подготвуваме еден акционен план, кој владата во текот на месецот и официјално ќе го усвои за да преземе конкретни чекори во врска со ова и додека се прави тоа, во текот на наредните денови почнувајќи од денес ќе имаме средби со сите членови или сите релевантни чинители во овој процес, со цел процесот да биде што поопфатен. Така, ќе имаме средби со невладините организации, значи граѓанскиот сектор, со претставниците на медиумите и новинарите, со академскиот дел, односно универзитетите, експертите, судството, со сите институции по ред, при што ќе создадеме еден сеопфатен процес и на тој начин ќе бидеме поактивни и поконкретни во активностите што нè очекуваат на овие теми. Првата фаза ќе биде до декември и ќе видиме што може да направиме, вклучувајќи го овде и политичкиот дијалог, за кој треба да создадеме подобра клима и напредок во оваа насока до декември, но исто така и за другите теми кои се наведени во извештајот.

Инбокс7: Македонија покрај тоа што има проблем за името со Грција, како услов за членство во ЕУ, исто така, проблем е и спроведувањето на реформите во судството, администрацијата, институционалната ефикасност, потоа во областа на економијата и многу други области. Дали го доведува во прашање статусот на земја-кандидат за ЕУ со заостанувањата поврзани со името, но и со недостатокот на политички дијалог и неспроведувањето на реформи во целост?

Бесими: Оценката на Европската комисија е дека Македонија во оваа фаза задоволително ги исполнува политичките критериуми, кои се основа за препорака, која Европската комисија ја дава за Македонија и тоа е исклучително важно. Секако процесот на интеграција и реформи во сите сфери е исклучително важен за Македонија да покаже демократски, институционални и економски капацитети за да биде утре еднаков дел од Европската унија. Тука сакам да напомнам дека, што се однесува до политичкиот дијалог, исклучително е важно како што вели и извештајот дека, одговорноста е на двете страни, и на страна на партиите од власта и на оние од опозицијата за да дадат нешто повеќе од партиските интереси и гледајќи во интерес на државата да има напредок. И тука е особено важно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да покажат напредок во оваа димензија, во разликите што се утврдени. Но, исто така е важно во судството, значи она што се бара, во извештајот се споменува дека Македонија е во напредна фаза на законодавството, но она што се очекува е вистинска имплементација на законодавството од аспект на ефикасноста, независноста на судството и пристап кој ќе го зголеми квалитетот на судството и ќе создаде поголема доверба во судскиот систем во Република Македонија за праведно судство. Важно е да се создаде подобра средина и подобар впечаток во насока на слободата на изразувањето, една демократска вредност која ја цени Европската унија и ние ќе се посветиме да покажеме дека имаме капацитети, и во овој поглед да биде што посеопфатни и да се создаде подобра ситуација за Република Македонија. Меѓуетничките односи се исто така важна тема и тие се следат од страна на Европската Унија, со цел да се зголеми довербата меѓу заедниците во Република Македонија. Се спомнуваат случаи кои претставуваат предизвик во текот на овој период. Меѓуетничките односи се сферата што мора да ја направиме за наше добро и овде се спомнува и квалитативната анализа која се очекува да се направи во врска со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Инбокс7: Кога сме кај прашањето за името и евроатлантските интеграции, дали постојат разлики во владејачката коалиција, значи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во таа насока?

Бесими: Што се однесува со прашањето за името, во извештајот се наведува многу јасно дека прашањето за името е една од главните теми, која се појавува и како пречка во процесот на европската интеграција на Македонија и Европската комисија, исто така, бара да има поактивна вклученост на раководството на Европската унија, нешто што потенциравме цело време и сега се гледа дека е дел од извештајот и напредок во насока на преговорите со цел да се создаде што поповолен момент во врска со ова. Јас лично верувам дека сега со новиот состав на Европската комисија, изјавите на комесар Реихан и другите иницијативи за Балканот, како што се Берлинскиот процес и германската канцеларка и другите, ќе создадеме нова атмосфера во таа насока. Што се однесува до позициите во коалицијата, за ова прашање сакам да кажам дека уште на почетокот во коалицијата дадовме заедничко соопштение како коалициски партнери, каде што се договоривме приоритет да биде евро-атлантската интеграција на земјата и работиме во таа насока. Прашањето за името е тема која директно влијае на овој процес и ние сме заинтересирани за тоа да се најде решение што е можно поскоро. Што се однесува до овој процес, треба поактивна вклученост од двете страни, мора да бидеме конструктивни, и тоа и двете страни, Македонија и Грција, за да се даде можност за решение. Факт е дека Македонија има поголем интерес работите во овој процес да се движат побрзо, затоа што ние сме заинтересирани да станеме членка на Европската унија и ангажираноста е несомнена, било наша како коалиционен партнер, било на владата, да имаме напредок за прашањето за името. И на крај, тоа е во интерес на граѓаните кои се изјаснија и во најновиот извештај кој излезе од анкетата на ИРИ, според кој повеќе од 70 отсто од граѓаните продолжуваат да покажуваат интерес и да ја видиме Европската унија како важна точка за Република Македонија.

Инбокс7: Вие споменавме пред малку колку се важни меѓуетничките односи и Европската комисија препорачува поактивен и заеднички пристап за промовирање на инклузивно мултиетничко општество? Но, дали може да се говори за тоа кога се знае дека продолжува реализацијата на проектот Скопје 2014, кој е исклучиво етнички проект?

Бесими: Тоа што се споменува во извештајот за меѓуетничките односи е многу важна порака. Пораката е да работиме и правиме активности и да промовираме меѓуетнички односи за да ја зголемиме довербата. Тука ќе споменам неколку случаи, но, исто така и проектот Скопје 2014, околу кој постојано како коалициони партнери апелиравме и во владината коалиција дискутиравме дека проектот треба да ја одразува мултиетничката реалност на земјата, бидејќи тоа е за доброто на граѓаните и за доброто на Македонија. На тој начин ќе ја имаме поддршката од граѓаните, бидејќи секој ќе се чувствуваат како дел од процесот и сметаме дека не само овој проект, туку и други проекти треба да имаат ист пристап, да бидат транспарентни и да бидат сеопфатни, каде секој граѓанин ќе се чувствува како дел од него, бидејќи на крајот на краиштата тоа се пари на граѓаните.

Инбокс7: На крајот би сакал уште едно прашање. Една од сферите во кои се критикува власта е слободата на медиумите? И дијалог со медиумската заедница не функционира? Што ќе се преземе во таа насока?

Бесими: Што се однесува до медиумите, минатата година промените што се направија во законите за медиумите и аудиовизуелни услуги е дел од извештајот за напредок. Во комуникација со претставниците на медиумите и новинарите, и покрај тоа што таа комуникација беше многу сложена и комплицирана, сепак, се постигна по изготвувањето на законите и после коментарите околу законите, законот да биде предаден за коментар до Европската унија и Советот на Европа и по забелешките, да се земат во предвид коментарите на овие институции и некои коментари кои дојдоа, веднаш откако беа усвоени во Собранието на Република Македонија, во рок од две недели се направија промени на штотуку донесените закони според договорот или препораките што доаѓаа од претставници на медиумите и идејата беше да продолжи оваа комуникација и во иднина. Друг момент кој се случи беше едно од барањата да се објават сите извештаи во врска со информативните кампањи на владата во медиумите и во последните три години се објавени на веб страната на Владата и нормално тука остануваат и многу други теми кои што треба да се реализираат во таа насока и сметам дека уште многу теми треба да се реализираат и со транспарентна и искрена комуникација со Здружението на новинари и со претставниците на медиумите ќе се постигнат потребните резултати. Ние сме решени за секој збор во извештајот за напредокот да адресираме и да работиме и во текот на оваа година да докажеме дека и покрај тоа што Македонија нема официјално добиено датум за отпочнување на разговорите, ние спроведуваме реформи кои што се очекува да ги реализираме во насока на европската интеграција.

http://inbox7.mk/archives/2503

Сподели ја содржината!
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Биографија
Интервјуа
Говори
Галерии
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.