ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
22:46, петок, 12 јуни 2020
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи присуствуваше на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово, во рамки на кое заедно со Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи го посетија Музејот "Блаце'99".

"Денешниот ден -  12 јуни, е ден кој претставува симбол на слободата и правдата, ден кој не само што го одбележува крајот на геноцидот, туку го одбележува и фактичкото ослободување Косово.
 Ден кој воедно претставува одбележување на еден дел од нашата заедничка историја - период кој сум уверен дека  го оставаме зад нас; но и период и настани на кои се сеќаваме затоа што нè потсетуваат колку е скапа слободата" - истакна Османи, при што нагласи дека овој ден не поврзува и како народи и како најблиски соседи.

"На денешен ден пред 21 година преку 50 илјади припадници на НАТО почнаа да се распоредуваат на Косово, во најголем дел преку територијата на Република Северна Македонија, а ; три дена претходно, токму во Куманово беше потпишан воено - техничкиот договор со кој оваа операција беше одобрена - додаде Османи.

Во овој контекст тој потенцираше дека овие настани претставуваат и пресвртни точки во изградбата на новата реалност - Република Косово е независна држава, респектабилен партнер и сојузник на западните сили; земја која незапирливо се движи кон членството во НАТО и Европската Унија.

"Нашите народи не ја споделуваат само заедничката историја, туку ја очекуваат и нивната заедничка успешна и просперитетна иднина. Затоа Косово и неговите граѓани треба да сметаат на нашата поддршка во остварувањето на нашите заеднички цели, европските и евроатлантски амбиции- Нека е честит денот на ослободувањето! " - порача Османи.
 
Сподели ја содржината!
Новости
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.