Новости
вторник, 09 јуни 2020 17:28
Секретаријатот за европски прашања, како институција задолжена за координација на странската помош во земјава денес ја прими донацијата која ја обезбеди Министерството за надворешни работи на Естонија, и истата беше предадена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување.
Донацијата која се состои од дезинфекциски средства за раце и површина, душеци, ќебиња и постелнини е наменета за институциите во земјава, а во насока на полесно надминување на последиците предизвикани од КОВИД 19, како и спречување на ширењето на заразата.
Секретаријатот за европски прашања, како надлежна институција за координација на странска помош, изрази благодарност до Министерството за надворешни работи на Република Естонија, но и до целиот естонски народ за донирана помош во ова тешко време во кое сите се соочени со глобалната пандемија предизвикана од КОВИД 19, демонстрирајќи ја на дело солидарноста како најзначајна европска вредност.