ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЗАКАНАТА ОД КОВИД НЕ Е ПОМИНАТА МОРАМЕ ДА ГО ОДРЖИМЕ КАПАЦИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
15:08, понеделник, 01 јуни 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, ги предаде во употреба  респираторите кои како донација ги обезбеди Кралството Норвешка.


"Уште една успешно реализирана донација - странска помош која е директно наменета за зајакнување на капацитетите при справувањето со КОВИД-19. Се работи за 20 респираторни машини - донација од Кралството Норвешка, кои се реализирани преку претставништвото на УНОПС во земјава, а се по потекло од Турција" - истакна Османи, притоа изразувајќи благодарност до Владата и до граѓаните на Кралството Норвешка, за нивната несебичност и искрена солидарност која ја покажуваат во време на криза што преставува и еден вид континуитет на долгорочната поддршка и одличните билатерални односи, како и благодарност до  Агенцијата УНОПС која  обезбеди непречена реализација на оваа помош.


"Без разлика на првичниот успех да се канализира пандемијата, свесни сме дека податоците од последните денови покажуваат нов раст, еден вид нов пик на епидемијата, што само го потврдува фактот дека вирусот ниту е победен, ниту е безопасен. Токму затоа, покрај пораките за внимателно и дисциплинирано применување на мерките, одржувањето дистанца и носењето на заштитна опрема, маски, хигиена - ние мора да продолжиме да работиме и на зајакнување на капацитетот на здравствениот систем не само за да се справи со сегашниот предизвик, туку и за да може да издржи евентуално нов бран кој се предвидува дека може да се случи на есен"- додаде Османи, при што потенцираше дека оваа опрема дури и целосно да мине заканата од КОВИД-19, во значаен дел ќе го подобри и здравствениот систем, потенцијалот на здравството во земјава за справување со тековните предизвици, операции, зафати, потреби за посебна нега.


Десет од донираните 20 респиратори ќе бидат ставени на располагање на ГОБ  "8 Септември", а останатите 10 ќе бидат распределени по здравствените установи во земјава, како што се Клиничките болници во Тетово, Битола и Штип, каде ќе се испратат по две респираторни машини и по еден апарат во Општите болници во Струга, Охрид, Прилеп и Струмица.

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.