ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
16:42, среда, 06 мај 2020
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи на прес-конференција направи пресек на досегашната распределбата на странската помош наменета за нашата земја за полесно справување со КОВИД 19.

"Со големо задоволство сакам да потврдам дека од страна на Норвешка е потврдено пристигнување на ветените 20 респиратори на 15 мај, што е одлична вест, затоа што кризата најмногу ја отежни набавката на овие машини, кои, пак, значително придонесуваат во формирањето на севкупниот капацитет на здравствениот систем во справувањето со КОВИД-19, 10 респираторни машини преку УНДП се веќе пристигнати, а по истата линија се очекуваат уште 10 вакви машини до средината на овој месец и уште 30 до крајот на месецот. Ако на тоа се додадат и 20 респиратори кои се очекуваат од ЕУ, вкупната бројка на дополнителни респиратори се искачува на 90. Сето ова ќе придонесе за  зајакнување на  потенцијалот и капацитетот на здравствениот систем не само за сегашниот предизвик со  КОВИД-19, туку и за понатаму, за задоволување на редовните потреби" - истакна Османи.

Османи изрази благодарност до сите донатори за нивната помош и поддршка во ова исклучително тешко време за сите.Османи посочи на помошта од САД  во висина од 1,1 милион долари, на помошта од Норвешка во висина од 700 илјади евра, на помошта од Чешка во износ од еден милион маски, на помошта од Словенија во висина 110 илјади евра, на помошта од Германија во износ од 40 илјади евра, на помошта од Унгарија во износ од 100 илјади заштитни маски и 5 илјади заштитни одела, на помошта од Кина која обезбеди над пет илјади тестови, кои пристигнаа заедно со бројна заштитна опрема - преку 10 илјади заштитни одела, 10 илјди пара ракавици, 10 илјади очила, над 20 илјади маски, на помошта од Турција која донираше над 50 илјади заштитни маски, илјада заштитни одела, но и илјада тестови, како и на помошта која  пристигна од агенциите на Обединетите нации, како УНИЦЕФ, УНДП, УНОПС кои не само што обезбедија поддршка во вид на донации, туку целосно се ставени на располагање на поголемите донатори за имплементација на нивните донации.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
ОСМАНИ: ЗАКАНАТА ОД КОВИД НЕ Е ПОМИНАТА МОРАМЕ ДА ГО ОДРЖИМЕ КАПАЦИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.