ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: Кризните штабови за справување со КОВИД 19 да се формираат на ниво на месни заедници
19:25, вторник, 31 март 2020

Денес во Секретаријатот за европски прашања се одржа конститутивната седница на координативно тело за координирањето на штабовите на единците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје), за справување со заканата од КОВИД19. Во улога на Главен Координатор со телото заседаваше Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.


Покрај редовните заклучоци за конституирање на работата на телото и утврдување на нејзиниот делокруг на работа, уште на самата конститутивна седница Координативното тело донесе одлука да ги задолжи општините веднаш да формираат посебни штабови за справување со предизвиците од епидемијата и тоа покрај на ниво на единиците на локална самоуправа како надлежно тело, и на ниво на месни заедници, со што ќе се обезбеди поблиска координација со потребите на граѓаните и поблизок пристап директно на терен.


„Мора да обезбедиме организирано и координирано присуство на најниско ниво на терен, со цел да обезбедиме навремена и соодветна поддршка за граѓаните, но и веродостојно информирање и известување за состојбите.“, изјави Османи, посочувајќи на месните заедници како најблиски единици до граѓаните, како и координацијата на општините и нивните активности како најдобар инструмент за директен пристап до граѓаните.


Координативното тело е формирано со одлука на Владата минатата недела, каде покрај Главниот координатор, Вицепремиерот Османи, учествуваат и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како заменик на Главниот координатор, 5 члена од редот на инспекторите при Дирекцијата за заштита и спасување, како и Државните секретари при Министерствата за Здравство, за Внатрешни работи и Одбрана.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
ОСМАНИ: ЗАКАНАТА ОД КОВИД НЕ Е ПОМИНАТА МОРАМЕ ДА ГО ОДРЖИМЕ КАПАЦИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.