Новости
вторник, 31 март 2020 14:13
Отворен вореден повик за доставување на апликации поврзани со КОВИД19:
600.000 евра за проекти за здравствена заштита, образование и поддршка на микро, мали и средни препријатија
Со цел да се обезбеди насочен одговор на глобалното ширење на КОВИД19, Централно-европската иницијатива објавува Вореден повик за доставување на апликации поврзани со КОВИД19. Повикот е наменски насочен кон брз одговор на специфичните потреби на заедниците од земјите-членки на ЦЕИ.
Со вкупен буџет од 600.000 евра, кој е обезбеден од сите земји-членки на ЦЕИ во рамките на Фондот за соработка на ЦЕИ и од Италија преку Програмата за размена на практично знаење во рамките на ЦЕИ фондот и ЕБРД, ќе биде распределен за грантова поддршка на проекти во три области на дејствување:
· Здравствена заштита и телемедицина (МЕД)
· Образование и е-учење/учење на далечина (ОБР)
· Поддршка на микро, мали и средни претрпијатија (ММСП-ја)
На повикот можат да аплицираат сите јавни и приватни субјекти, граѓански организации со локација и регистрирани во земја-чланка на ЦЕИ, како и меѓународни/регионални организации. Доделените грантови ќе бидат во висина од 100% од вредноста на нивните проекти, со максимален износ по грант од 40.000 евра. Особено внимание ќе биде дадено на земјите-членки на ЦЕИ кои не се членки на ЕУ.
Заради природата на овој вонреден повик, истиот ќе биде отворен до 09.04.2020 год.
Дополнителни информации за повикот, вклучувајќи го и формуларот за аплицирање можат да се добијат на следниов линк: