Новости
понеделник, 16 март 2020 18:49
С О О П Ш Т Е Н И Е
Врз основа на Заклучок 13, од Деветнаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14 март 2020, со кој „се препорачува на сите работодавачи во Р. Северна Македонија, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата“, Секретаријатот за европски прашања, превзема соодветни мерки за заштита на вработените и превенција на ширењето на COVID-19, преку ограничување на движењето и социјално оддалечување.
Согласно превентивните мерки со цел избегнување на контакти што претставува ризик за ширење на вирусот, се замолуваат сите подносители на документација за регистрација на проекти за ослободување од јавни давачки, барањето и соодветната документација да ги остават на пријавницата на Секретаријатот за европски прашања во наменски поставената кутија. Апликациите ќе се примаат секоја СРЕДА од 10:00 до 12:00 часот.
Поднесувањето на барање за регистрација на проекти за ослободување од јавни давачки, може да се направи и електронски, со доставување на скенирана документација, на следната е-маил адресат: registracija@sep.gov.mk
Доколку е потребна дополнителна документација, како и за подигање на изготвените потврди, странките ќе бидат информирани по електронски пат, на е-маил адресата наведена за контакт од страна на подносителот на документацијата.
Превентивните мерки и донесените одлуки важат се до нивно укинување, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, за што јавноста ќе биде навремено информирана.