ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
12:34, четврток, 05 март 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со делегација на Националниот Совет на Република Австрија предводена од Претседателот Волфганг Соботка во рамки на нивната посета на земјава.

„Искрена благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Австрија,  која, како непосреден сосед на земјите од Западен Балкан е воедно и најголем лобист за европска интеграција не само на Северна Македонија, туку и на целиот регион. Оваа поддршка беше демонстрирана и преку поставувањето на перспективата на ЕУ за Западен Балкан меѓу трите најважни приоритети на австриското претседателство на ЕУ“- истакна Османи, пренесувајќи ги притоа впечатоците и очекувањата за скорешен напредок во европските интеграции, преку одлука за почеток на преговорите на претстојните ЕУ самити.

„Самитот за Западен Балкан во Виена на 17 месецов го сметаме за значаен континуитет на австриската поддршка, и во исто време, одлична подготовка за успешност на загрепскиот Самит ЕУ во мај, кој во целост ќе биде посветен на односите меѓу ЕУ и Западниот Балкан“ – посочи Османи.

Соговорниците за време на средбата се осврнаа и на извештајот за напредокот и состојбите во Република Северна Македонија, како и за новата методологија за проширување која беше објавена на почетокот од минатиот месец при што Вицепремиерот Османи потенцираше дека истите не само што на голема врата ја враќаат довербата во европските интеграции, туку претставуваат и потврда дека земјава е на вистинскиот пат во приближувањето кон ЕУ

Сподели ја содржината!
Новости
Османи во посета на кризните жаришта со КОВИД-19
ОСМАНИ: СОЛИДАРНОСТА Е НАЈВАЖНАТА ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ КОЈА МОРА ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА
Вархеји го информираше Османи дека Европската Унија дозволи приСтап за земјава до Европскиот солидарен фонд
ОСМАНИ: Кризните штабови за справување со КОВИД 19 да се формираат на ниво на месни заедници
ЦЕИ - Вонреден повик за проекти за справување со кризата КОВИД-19
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.