ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи и Димитров во Париз на средба со Моншален
14:02, четврток, 13 февруари 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на денешната посета на Француската Република остварија средба со Амели де Моншален, Министерка за Европа и претставничка на Република Франција во Европската Унија.

Во фокусот на разговорот беа европските интеграции на Република Северна Македонија, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Навистина претставува охрабрување срдечноста и пријателството со кое сме дочекани во Париз, што недвосмислено говори за пријателските односи кои ги имаме со Француската Република и нејзина искрена поддршка за нашиот напредок во ЕУ. Пораките се јасни: новата методологија претставува добра основа за земјите кои се искрено подготвени за реформски напредок, што е добра вест за граѓаните кои очекуваат резултати, а поголем предизвик за политичарите кои ќе мора повидливо, и транспарентно да ги испорачаат; преземаме дополнителна обврска да продолжиме со испораката на резултати како основа за содржаен и квалитетен извештај на Европска комисија во февруари, потврдувајќи ја нашата определба преку заслуги да го оствариме нашиот напредок во европските интеграции“ - истакна Османи.

МНР Димитров ја подвлече потребата да се дозаврши работата дома во смисла на донесување на Законот за ЈО. На ваков начин ќе се отстрани секаков вид на изговор и подготвени ќе ги пречекаме дискусиите во Советот. Таму, уверени сме дека може да се најде решение врз основа на новата методологија на ЕК. Таа обезбедува посилно политичко управување и вклученост на земјите членки во процесот. Ќе продолжиме решително по реформскиот пат и блиску сме до целта!

Во рамки на посетата ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров претходно остварија средба со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон,и со пратеничката Мариел де Сарнез, која воедно е и претседател на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, а планирано е да се сретнат и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Денешната посета на Француската Република на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров се одвива во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање на одлука за почеток на пристапните преговори.

Сподели ја содржината!
Новости
Османи во посета на кризните жаришта со КОВИД-19
ОСМАНИ: СОЛИДАРНОСТА Е НАЈВАЖНАТА ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ КОЈА МОРА ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА
Вархеји го информираше Османи дека Европската Унија дозволи приСтап за земјава до Европскиот солидарен фонд
ОСМАНИ: Кризните штабови за справување со КОВИД 19 да се формираат на ниво на месни заедници
ЦЕИ - Вонреден повик за проекти за справување со кризата КОВИД-19
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.