ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Се потпиша договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце
15:30, четврток, 16 јануари 2020

Денес, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, се потпиша Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце. Договорот, во присуство на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во улога на координатор на Владата за проектот Скопје - Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, го потпишаа директорот на ЈП за Државни патишта, Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. Гранит, Зоран Милковски. 


„Денес исправаме неправда која, за жал, досега се провлекуваше без малку 20 години. Проектот Скопје – Блаце не е нов проект, туку иницијатива започната многу одамна, која на еден или на друг начин цело време е отстранувана од приоритетите на државава и за која беа потребни вонсериски напори за да се врати повторно во фаза на реализација во која е сега. Од денес, овој проект влегува во иреверзибилна фаза а динамиката на неговата реализација станува чисто техничко прашање“, истакна Османи на почеток на настанот, некриејќи го личното задоволство, како Координатор на Владата задолжен за реализација на овој проект, што конечно се обележува неговиот старт. 

 

„Неспорно е дека овој проект има и економска и општествена и политичка важност за Република Северна Македонија, проект кој претставува и дел од европската инцијатива за регионална соработка, изразена преку т.н. ‘конективити агенда’ на Берлинскиот процес“, истакна Османи, посочувајќи на Скопје и Приштина како најблиски главни градови во регионот, кои по изградбата на автопатот ќе бидат оддалечени помалку од еден час. 


„Регионалното поврзување е од особено значење за економскиот развој на државата и нејзино интегрирање во Регионот. Од тие причини силно сме фокусирани на развој на патната мрежа со која ќе обезбедиме поврзување со земјите од регионот заради побрз и полесен транспорт на стока и услуги“, истакна министерот Сугарески, посочувајќи дека Владата и Министерството за транспорт и врски интензивно работат на поврзување на земјата со сите соседи. 


„Косово е наш значаен трговски партнер, минатата година бележиме зголемување од над триесетина проценти во вкупната трговија, така да изградбата на автопатската делница ќе даде дополнителен инпут во зголемување на трговските релации во иднина“, посочи Сугарески. 


Во своето обраќање, директорот Зоран Китанов ги образложи деталите од договорот и предметот на изведба. „Договорот за градежни работи за првите 2 километра од Граничниот премин Блаце до клучката за село Блаце“.

„По успешно спроведената постапка за јавна набавка, од пристигнатите понуди, како најповолен економски оператор кој ќе ги изведува градежните работи е избрана компанијата ГРАНИТ. Вредноста на Договорот е 747.239.717,00 денари без ДДВ или околу 12,2 милиони евра, додека работите треба да завршат во рок од 18 месеци од воведувањето во работа, што значи дека градежните работи ќе започнат оваа пролет, а првите километри од автопатот ќе може да ги возиме веќе следното лето во 2021 година“, истакна Китанов, посочувајќи дека во напредна фаза е подготовката и за втората фаза, со која ќе се реализираат и следните 10 километри од автопатот. 


Целиот проект за автопатот Скопје – Блаце е во вкупна должина близу 13 километри, проценет на близу 120 милиони евра, од кои 27 милиони евра како неповратен грант се обезбедени преку Рамката за Западен Балкан на ЕУ, околу 70 милиони евра се предвидени како заем од ЕБРД, а останатите средства се од буџетот на земјата.  

Сподели ја содржината!
Новости
Презентирана Анализата на трговските односи по Брегзит и предлог договорот за трговска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство
Османи и Димитров во Париз на средба со Моншален
Османи и Димитров ја започнаа работната посета на Париз на средба со Клеман Бон
Средба Османи – Јанакакис
ОСМАНИ: СЛОВЕНИЈА Е ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.