ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЈА ПОТВРДАТ ДЕМОКРАТСКАТА И ПОЛИТИЧКА ЗРЕЛОСТ НА ДРЖАВАВА
10:10, петок, 10 јануари 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

На средбата стана збор за актуелностите поврзани со европските интеграции на земјава, особено во пресрет на европските самити на ЕУ во март, мај и јуни под палката на Хрватското Претседателство со ЕУ.

„Преодната Влада се формираше според политичкиот договор низ соодветна постапка и инклузивен процес, што е доказ за не само за институционалната, туку и за политичката зрелост на државата“ - истакна Османи, потенцирајќи притоа дека во периодот кој следи Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори, со што ќе ја потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата.

На средбата се разговараше и за останатите предизвици поврзани со европските интеграции, како што е реформата на методологија за преговори на која работи Европската Комисија, предизвиците на земјава да го задржи реформскиот моментум, можностите за процесот на преговори во рамките на претседателството со ЕУ од страна на Хрватска како и сите останати актуелности.

Соговорниците за време на средбата ја реафирмираа заедничката заложба за иднината на земјите од Западен Балкан, при што уште еднаш заеднички се согласија дека Република Северна Македонија и останатите земји од регионот немаат друга алтернатива освен полноправното членство во ЕУ.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.