ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи и Ѕуо потпишаа донација од страна на Кина на 104 амбулантни возила, минибуси и опрема во здравството вредна 4 милиони евра
16:09, среда, 25 декември 2019
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на национален координатор за странска помош имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата беа разменети писма за соработка меѓу владите, а беа потпишани и два договори за неповратни грантови за реализација на проекти во секторите здравство и социјална заштита, како и научно- истражувачка дејност во висина од речиси 4 милиони евра.

„Како Национален координатор на странската помош во Република Северна Македонија, ми претставува вистинско задоволство кога од нашите пријатели, како што е Кинеската држава, ќе обезбедиме вака значајна и внимателно таргетирата помош. Дозволете и лично, како доктор, да го изразам моето задоволство што амбасадата, а и државата Кина, одлучија помошта да ја насочат токму во здравствениот сектор, каде навистина најмногу можеме да им помогнеме на граѓаните“, истакна Османи, притоа изразувајќи благодарност до амбасадорот Ѕуо за неговата лична заложба во одржувањето на континуитет во одличната соработка меѓу двете земји.

„Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Народна Република Кина и Република Северна Македонија до сега, Кина обезбедила вкупно 325 милиони јуани помош, опфаќајќи образование, медицинска нега, научни истражувања и други области“, истакна амбасадорот Ѕуо, појаснувајќи дека проектите кои ќе се спроведат во претстојниот период ќе им бидат од полза на двете земји и народи, и ќе промовираат поврзаност на Балканот, со цел постигнување на заеднички развој низ регионите.

„Договорот за поддршка во здравствената и социјална заштита е финансиран со грант во вредност од 30 милиони јуани, износ кој надминува три милиони и 800 илјади евра, а преку кој ќе се набават над 100 возила за потребите на здравствениот сектор, вклучувајќи и опрема, за потребите од итната медицинска помош, како и унапредување на услугите за домашните посети во здравството.“ истакна Османи, некриејќи го притоа задовослтвото и од вториот договор кој беше потпишан денеска, во висина од 620 илјади јуани, или околу 80 илјади евра, наменет за донација за опремување на Институтот за молекуларна биологија.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.