ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ:ИМАМЕ ИСТОРИСКИ УСПЕХ ВО КОРИСТЕЊЕ НА ИПАРД
12:42, понеделник, 23 декември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален ИПА координатор, денеска присуствуваше и се обрати на поставувањето на камен-темелник за изградба и опремување на сточарската фарма - „Голд Ленд.

„Денешното поставување на камен - темелник за изградба и опремување на сточарската фарма – ‘Голд Ленд’ со современа опрема по европски стандарди, претставува инвестиција вредна безмалку четири милиони евра, но и најголемата ИПАРД поддршка за бизнис досега, во вредност од над еден милиони и 100 илјади евра неповратни средства“ - истакна Османи посочувајќи дека оваа инвестиција претставува најдобар пример преку кој, може да се видат европските перспективи од нашето приближување кон ЕУ.  

Во продолжение Вицепремиерот Османи како Национален ИПА Координатор се осврна на инструментот ИПАРД 2, во рамките на кој на располагање за периодот 2014-2020 година стојат 60 милиони, во насока на директна подготовка на земјата и на земјоделскиот сектор за спроведување на Европската земјоделска политика и фондовите при членство.

„Во овој период имаме историски успех во користење на ИПАРД фондовите и тоа преку: зголемување на бројот на апликации со секој повик, зголемување на бројот на склучени договори на сметка на бројот на одбиените договори, намалување на ризикот од губење на ИПАРД средствата, но и преку подобрување на портфолиото на ИПАРД Платежната агенција“- додаде Османи, не криејќи го задоволство од зголемената искористеност на овие средства.

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.