ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ОСТАНУВААТ НАЈВИСОК ПРИОРИТЕТ НА ЗЕМЈАВА
11:39, петок, 13 декември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања во Владата на Сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Штефан Холтхоф- Пфорнер.

„Одличните билатерални односи помеѓу нашите земји се очигледни на повеќе нивоа, иако најактуелна во изминатиов период беше поддршката за нашите европски интеграции, особено гласната поддршка за време на октомврискиот самит, па слободно можам да кажам дека во Германија гледаме партнер во целокупниот евроинтегративен процес“, истакна Османи, посочувајќи дека напорите на Германија за поддршка на земјава се очигледни и преку Берлинскиот процес, кој се покажа како суштинска платформа за регионалната соработка на земјите од Западен Балкан, но не е помалку значајна и билатералната помош која Северна Македонија ја добива преку директна финансиска и техничка помош за националните институции и за реализација на регионалните иницијативи.

Во продолжение на средбата се разговараше за прашањата поврзани со текот на европската интеграција на земјава, како и за билатералната соработка меѓу двете земји во контекст на европската интеграција, билатералната помош и трговската размена меѓу двете земји, а беа разгледани и можностите за понатамошни иницијативи за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Германија.

 „Наша стратешка определба останува интеграцијата во ЕУ и НАТО, продолжуваме да работиме на реформите, усвојувањето и спроведувањето на европските правила и стандарди за приближување на земјата кон ЕУ, и конечно отпочнување на преговорите за полноправно членство во Унијата“, заклучи Османи на средбата. 
Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.