ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: СЕКОЈА УСПЕШНА ЕВРОПСКА ПРОГРАМА ЗА МЛАДИТЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ МЛАДИ ОСТАНАТИ ВО ЗЕМЈАВА
11:44, вторник, 10 декември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес учествуваше на Конференцијата за промоција на програмата „Европски корпус на солидарноста“, на која домаќин беше Директорката на  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

„Членството во новата програма на ЕУ, „Европски корпус на солидарноста“ отвора големи можности за учество на нашите млади во волонтерски активност“, истакна Османи, посочувајќи дека овој проект е во насока на амбициите на  Владата на Република Северна  Македонија да ги препознава легитимните потреби и амбиции на младите за нивната иднина, со што младите би биле стимулирани да останат во земјава, наместо својот успех да го бараат надвор од земјата.

„Ние во СЕП ги обезбедивме ИПА средствата за учество во програмата за 2019 и 2020 година и се надеваме дека земјата, односно младите во земјата ќе ги препознаат можностите што ги нуди оваа Програма на Унијата“, додаде Османи.

Програмата „Европски корпус на  солидарност“ (ЕСК) започна со имплементација во октомври 2018 година и истата беше достапна само за државите-членки на ЕУ, а на иницијатива на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше потпишан Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во Европскиот солидарен корпус.

 

 

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.