ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОВРЗАНА СО ЕУ И Е ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА УНИЈАТА
12:19, понеделник, 04 ноември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи учествуваше на одбележувањето на денот на осигурувањето и десет години од формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

„Осигурителниот сектор е еден од поголемите и позначајните сегменти на финансискиот сектор во Република Северна Македонија, за кој веќе е воспоставена солидна законска и институционална рамка и соодветно е транспонирано релевантното право на Европската Унија кое постојано се надградува“- истакна Османи пред присутните при што потенцираше дека доказ за континуираниот напредок во усогласување на осигурителен пазар во Република Северна Македонија со европските стандарди се извештаите на Европската Комисија во кои јасно се препознаваат спроведените реформски активности.

„Напредокот во оваа област, како и досегашната усогласеност, не е изолиран случај, бидејќи практично во сите области Република Северна Македонија континуирано се усогласува со ЕУ, и институционално се поврзува со земјите – членки, па од тука ние веќе сме внатрешен дел на Унијата, а не надворешен, и прашањето на методологија, начинот, времето на пристап не може да го смени фактот дека ние недвосмислено одиме кон целосно членство во ЕУ“- нагласи Османи на одбележувањето на Денот на осигурувањето и јубилејот 10 години од формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Сподели ја содржината!
Новости
Презентирана Анализата на трговските односи по Брегзит и предлог договорот за трговска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство
Османи и Димитров во Париз на средба со Моншален
Османи и Димитров ја започнаа работната посета на Париз на средба со Клеман Бон
Средба Османи – Јанакакис
ОСМАНИ: СЛОВЕНИЈА Е ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.