ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: НАШИОТ ЕДИНСТВЕН ПАТ ОСТАНУВА ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА И ОД ТОА ОТСТАПУВАЊЕ НЕМА
11:21, вторник, 29 октомври 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се обрати на седницата на Комисијата за европски прашања прва по неодамнешниот Самит на ЕУ.

Во своето обраќање Вицепремиерот Османи накусо се осврна на резултатите кои Република Северна Македонија ги постигна на полето на европските интеграции, поради кои, како што наведе Османи, земјата со право очекуваше старт на преговорите.

„Без разлика на сегашната состојба Република Северна Македонија е навистина пример на Балканот за тоа како се гради функционална мултиетничка демократија, со почитување на европските принципи на еднаквост, на солидарност, на компромиси, земја која како ретко која друга може да се пофали дека на правилен начин ги затвори сите поголеми отворени политички прашања, независно дали се тоа односите со соседите, или внатрешните односи меѓу различните етнички заедници, меѓу различните политички, социјални или општествени целини“- истакна Османи. Во оваа насока тој потенцираше дека поканата за членството во НАТО, но и брзата ратификација од земјите – членки на алијансата која се одвива во текот на целиот овој период, претставува јасна порака од европските и светските пријатели дека Северна Македонија е на вистинскиот пат, дека претставува дел од семејството на западните држави, и дека со право се надева на членство во сите мултилатерални организации кои припаѓаат на западната цивилизација.

„Чувството на изневереност од страна на Европската Унија, не смее да нѐ оддалечи од европските вредности; не смее да нѐ оддалечи од патот на реформите, од патот на создавање пријатели од своите соседи, од патот на создавањето на функционално мултиетничко општество, од патот да создавање европска држава, по европски правила, стандарди и вредности, бидејќи нашиот пат бил, нашиот единствен пат е, и останува да биде европската перспектива и од тоа отстапување нема“ – посочи Османи во обраќањето.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
ОСМАНИ: ЗАКАНАТА ОД КОВИД НЕ Е ПОМИНАТА МОРАМЕ ДА ГО ОДРЖИМЕ КАПАЦИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.