ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ:ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО НА СЛЕДНАТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕНАТ
10:50, петок, 11 октомври 2019

Во рамките на работната посета на Италија, Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи,оствари средба со Претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучијано Далфонсо

"Брзата ратификација на протоколот ќе претставува значаен импулс за севкупните интегративни процеси во земјава, но и дополнителна шанса да ја достигнеме амбицијата за заокружување на овој процес во рамките на Лондонскиот самит на почетокот од декември", истакна Османи, посочувајќи на значењето на овие процеси не само за земјата, туку и за целиот регион.

На средбата Османи од Далфонсо доби уверување дека протоколот за НАТО ќе се најде на следната пленарна седница на Сенатот, која се очекува следната недела, со што Република Северна Македонија и формално ќе добие зелено светло од Италија за приклучување кон евроатланската алијанса.

Во рамките на посетата на Италија, Османи ќе оствари средба и со Министерот за европски прашања на Република Италија, Винченцо Амендола, каде ќе стане збор за европските перспективи на Република Северна Македонија, и поддршката од Република Италија во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ наредната недела.

Посетата на Италија преставува дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ наредната недела.

 

Сподели ја содржината!
Новости
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.