ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Османи: Прогласувањето на Шар Планина за Национален Парк е мошне значајно за нашите европски перспективи
15:30, сабота, 21 септември 2019

Со своите убавини и богатства, Шар Планина е едно од најзначајните подрачја за зачувување на природата не само во Република Северна Македонија, туку и на регионално и на Европско ниво, поради што таа треба да биде прогласена за Национален Парк. Ова денеска го истакна Заменик претседателот на Владата, Бујар Османи, пред голем број амбасадори, претставници на меѓународни организации, градоначалници и други гости во шарпланинската област Шипковички бачила.

- Верувам дека само оној кој  што ја познава својата земја, само оној кој ги познава  убавините на својата земја, само  тој искрено си ја сака и  си ја чува земјата. Како предводник  на европските интеграции, дозволете  да ја пренесам пораката која  ја сметам за сублимат на  сите посетиnaевропските метрополи, порака која буквално секаде  ја добивам а тоа е – Република  Северна Македонија ги исполни  обврските, земјата заслужува напредок  во европските интеграции, и затоа  во октомври Европската унија  ќе го исполни својот дел  обврската и ќе ги почне  преговорите со нашата земја, за полноправно членство во  овој Сојуз - рече вицепремиерот  Османи.

Тој истакна дека Европската Унија е многу повеќе од само сојуз на држави; таа е збир на стандарди, правила, но уште повеќе збир на идеи и вредности. Како што наведе, една таква благородна идеја е и заштитата на природата, нештоштопретставува и врвен приоритет на Финското претседателство со ЕУ, на глобално ниво, во насока на заштита на земјата од климатските промени.

- Тука сме во сличен контекст, да употребам стручен термин - во насока на промоција на  „зачувувањето на биодиверзитетот“. Во овој сегмент, еден од условите  што Република Северна Македонија треба да ги исполни како идна членка на ЕУ е да ги задоволи пропишаните европски регулативи во врска со зачувување на биодиверзитетот, односно обезбедување степен на заштита на барем 12 проценти од вкупната своја територија. Но, дозволете да испратам друга порака. Ајде за оваа идеја, за оваа вредност или стандард да одиме чекор понатаму. Ајде да го заштитиме биодиверзитетот на уште поголеми пространства, и да со тоа да бидеме убавиот дел од Европа - рече Османи.

Моментно, нивото на заштитени подрачја во земјава зафаќа околу 9 отсто и токму прогласувањето на овој, шарпланинскиот регион, за Национален Парк овој процент би пораснал на 12.

- На овој процес треба да  гледаме особено позитивно, затоа  што преку него, ова наше природно  богатство ќе добие соодветна, европска, заштита. На тој начин  ќе создаде извонредни можности  за развој и за претставување  на Северна Македонија пред  сите што ќе посакаат да  ја посетат Шар Планина и  да ги искусат нејзините убавини. Затоа, ајде сите да ја подржиме  оваа иницијатива, и да ја претвориме  Шара во најубавата европска  вредност во нашата земја - нагласи  Османи. 

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО АКТИВЕН МОНИТОРИНГ НА РЕФОРМИТЕ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОВРЗАНА СО ЕУ И Е ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УСОГЛАСУВАЊЕТО ВО ЕУ ДА ГО ЗАГРОЗИ РЕФОРМСКИОТ МОМЕНТУМ ВО ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, НАШАТА ИДНИНА ОСТАНУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
ОСМАНИ: УСПЕШНАТА АПСОРПЦИЈА НА ИПА СРЕДСТВАТА ПРЕТСТАВУВА ОСНОВЕН ДВИГАТЕЛ НА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.