Новости
петок, 20 септември 2019 13:01
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар
Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи престојува во
работна посета на Варшава, Република Полска, каде што оствари одделни средби со
Министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек
Чапутович и со Државниот
секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска,
Конрад Шимански.
Централна тема и на средбите во Варшава беа европските перспективи на
Република Северна Македонија, и поддршката во пресрет на одлуката за почеток на
преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.
„Полска е голем пријател и
партнер на Северна Македонија, и веројатно еден од најзначајните поддржувачи за
нашите европски интеграција внатре во Унијата, но и во рамките на земјите од
Вишеградската група.“ изјави Османи на средбата пренесувајќи ја благодарноста
на Владата и земјата за континуираната поддршка која Република Северна
Македонија ја добива од Полска.
Од страна на Министрите, на средбите
беше потврдена оваа поддршка, а беше упатена и порака на оптимизам за добивање
консензус од страна и на останатите земји – членки, за потврда на одлуката во
октомври, реафирмирајќи притоа дека земјата ги има исполнето буквално сите
критериуми и услови кои беа побарани од страна на Унијата, од која, беше
нагласено – сега се очекува да го испорача ветеното.