ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ КОМИТЕТ НА РЕГИОНИТЕ ЛАМБЕРТС СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ
14:13, среда, 18 септември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес беше домаќин на Претседателот на Европскиот Комитет на регионите, Карл- Хајнц Ламбертс, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

„По вчерашната порака од страна на Претседателот на Советот – Туск, кој како претставник на централните власти на земјите – членки тука од Скопје повика на старт на преговорите, еве денес ја имаме честа и Претседателот на регионите, кој како претставник на непосредните власти, на градовите, регионите и општините, слободно може да кажеме најнепосреден претставник на европските граѓани, повторно тука од Скопје да испрати порака за напредок во европските интеграции, за поддршка на земјава пред големата одлука во октомври.“, истакна Османи, упатувајќи ја до г. Ламбертс неговата лична благодарност како предводник на процесот на европските интеграции на земјава, заблагодарувајќи се притоа и во името на Владата и на граѓаните на Република Северна Македонија, за поддршката во клучниот период за земјата.

На состанокот се разговараше и за начините на кои локалната самоуправа ќе се вклучи во преговарачкиот процес, особено во делот на имплементација на европското законодавство, кое во огромен дел или директно се имплементира на локално ниво, како и размена на добри практики меѓу европските региони и градовите. Претседателот Ламбертс изрази задоволство од поддршката на централната власт за децентрализацијата и поддршката на локалните самоуправи, што според него покажува дека Владата ја препознава улогата на општинските власти во процесот на пристапување во ЕУ и во тој контекст побара одлука за старт на преговорите.

Во продолжение на средбата, Османи и Ламбертс ги разгледаа и можностите за унапредување на соработката, која се одвива преку Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на региони на Европската унија, како дел од напорите на земјата за усогласување со европските правила, стандарди и вредности на сите нивоа.

Европскиот комитет на регионите е тело на ЕУ на регионални и локални претставници од сите 28 земји-членки, чија задача е да ги вклучи регионалните и локалните власти во процесот на одлучување на ЕУ и да ги информира за политиките на ЕУ. Во Европскиот комитет на регионите членуваат 350 претставници избрани од европските градови, региони и останати единици на локалните самоуправи, кои се политички одговорни пред избрано собрание во нивните матични региони и градови.

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.