Новости
вторник, 17 септември 2019 10:15
На покана на Министерството за
финансии и заменик министерката др. Ширет Елези, државната секретарка на СЕП
г-ѓа Калинка Габер говореше на "Конференцијата за одржливост на
проекти финансирани со ИПА средства". Конференцијата беше
организирана како завршен настан на проектотфинансиранод ЕУ соброј
2018/399593/2 "Поддршкана националните власти за ефективно
исполнување на условите утврдени со договорите за финансирање и наодите од
ревизија во врска со спроведувањето на ИПА II помошта", каде меѓу
другите корисници како корисник се јавува и Секторот за управување со
средствата од инструментот за претпристапна помош - ИПА.
Проектот
иако со мал буџет од средствата што стојат на располагање преку Инструментот за
европска интеграција сепак е со голема важност бидејќи адресира уште еден
аспект од успешното спроведување на проектите а самиот проект придонесува и кон
апсорбирање на ИПА средствата- истакна државната секретарка Габер.
На
конференцијата беше презентирано Упатството заодржливост на проектите
финансирани со средствата од ИПА кое се планира да биде донесено одстрана на
Министерство за финансии, а ќе ги регулира обврските на оперативнат аструктура
и крајните корисници во делот на обезбедување на одржливост.Во рамките на
истита ќе имаме можност да се запознаеме со позитивно искуство во
имплментацијата на инвестициони ИПА проекти од страна на два крајни
корисници, со посебен осврт на чекорите и активностите со цел обезбедување
на одржливоста на истите.
Прашањето
на одржливост на проектите по нивната имплементација станува актуелно со
барањата на Европската Комисија нотирани во коресподенцијата за затварање на
ИПА 1 програмите и во наодите од ревизијата на ЕК за
акредитација на ИПА структурите за индиректно управување со ИПА средствата
во рамки на ИПА 2 програмскиот период. Имено, самиот концепт на одржливост на
инфраструктурните/инвестициони проекти (договори за работи/набавка на опрема)
опфаќа критериуми за следење на одржливоста, од аспект на повеќе клучни аспекти:
- Префрлање
на сопственоста на инвестициите/опремата од договорниот орган
(ЦФЦД/министерство за финансии) на крајниот корисник.
- Сметководствено
евидентирање на инвестициите/опремата во системот за евиденција на крајниот
корисник.
- Користење
на инвестициите/опремата согласно намената и целта за која се
набавени/изградени и водење евиденција за нивното користење.
- Обезбедување
на парични средства и капацитети за одржување на инвестициите/опремата кои се
набавени/изградени.
- Почитување
на правилата за визуелност на ЕУ.
Во рамки
на системот за индиректно управување со ИПА средствата, улога во следење на
одржливоста на проектите имаат следниве авторитети:
- Националниот
ИПА Координатор (НИПАК) - Вице премиер за европски прашања и секторот во
рамки на СЕП кој му дава поддршка - врши следење на одржливоста на проектите од
аспект на исполнување на целите на проектите и програмите генерално.
- Националниот
координатор за авторизација (НАО) - државен советник во МФ и Секторот за
управување со ИПА кој му дава поддршка - врши следење на одржливоста на
проектите на ниво на договор од аспект на исполнување на критериумите за
одржливост споменати погоре (преку спроведување на екс пост проверки на лице
место на ад хок база).
- ИПА
Координатор - службеник во секое министерство корисник на ИПА средства и
секторот/одделението кое му дава поддршка - врши директно следење на
одржливоста на сите проекти во рамки на портфолиото во нивната институција (кај
сите крајни корисници преку спроведување на редовни - планирани екс пост
проверки на лице место).
- Крајни
корисници - државни институции на централно и локално ниво, вклучително и
јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост
и судска власт. Истите се крајно одговорни за обезбедување на
одржливост на инвестициските проекти финансирани од ИПА.
Целта
на Упатството
за одржливост на проектите финансирани со средствата од ИПА ќе
биде да ја дорегулира улогата на крајните корисници во процесот на обезбедување
на одржливост на проектите, како и да ја објасни улогата на надзорните тела во
рамки на системот за следење на таа одржливост.