ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ШВЕДСКА ЗАСТАНУВА ЗАД ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
13:28, петок, 13 септември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на својата посета на Кралството Шведска оствари средба со Министерот за европски прашања, Ханс Далгрен.

„Шведска не само што отсекогаш сме ја сметале за важен поддржувач и пријател во постигнување на нашите стратешки цели како што се европските интеграции, туку како земја претставувала и модел, еден вид и инспирација во насока на преземањето на соодветните реформи во духот на европските вредности “- истакна Османи, посочувајќи на поддршката која земјава ја очекува од Кралството Шведска и во претстојниот период, во пресрет на големата одлука во Октомври за старт на преговорите со ЕУ оваа година.

За време на средбата Вицепремиерот Османи изрази благодарност што во рамки на проектот „Нордиски напредок“ кој се спроведува во земјава, Норвешка и Шведска заеднички го поддржуваат најважниот процес во овој момент - пристапните преговори т.е. што го поддржуваат целокупниот процес на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ.

На средбата Османи реферираше и за тековните актуелности во земјава, а во врска со напредокот во клучните области како што е владеење на правото, реформите на безбедносните служби, правосудството и борбата против организираниот криминал и корупција.

Во рамки на работната посета на Шведска Османи претходно оствари средби и со Претседателот на Парламентот на Андреас Норлен, како и со Министерот за меѓународна развојна соработка, Питер Ериксон.

Посета на Кралството Шведска претставува дел од турнејата на Османи за посета на европските метрополи пред одржување на Европскиот совет во октомври,  која продолжува со посета на Брисел, по што следат Берлин, Варшава итн.

Сподели ја содржината!
Новости
Презентирана Анализата на трговските односи по Брегзит и предлог договорот за трговска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство
Османи и Димитров во Париз на средба со Моншален
Османи и Димитров ја започнаа работната посета на Париз на средба со Клеман Бон
Средба Османи – Јанакакис
ОСМАНИ: СЛОВЕНИЈА Е ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.